Студените зимски денови се она време од годината кога најмногу се ужива во топлината на домовите, со шолја вкусен чај во раката и со топла прекривка. Оваа пријатна атмосфера често е надополнета со веењето на снегот, односно погледот кон прозероцот, кој ни дава вистинска зимска идила. Oсвен уживањето во својот дом, многумина им се препуштаат и на зимските спортски активности. Престојот на планина носи сосема поинакво доживување на снегот, па затоа и претставува неизбежен дел од зимската идила за вистинските вљубеници во зимата. Но освен убавите моменти, студените зимски денови често носат и настинки. Поради тоа се препорачува консумирање чаеви како природна и топла напивка, кои придонесуваат за задржување на доброто здравје во зима.
Зимскиот чај на Good Nature претставува мешавина на билки, кои во својот состав содржат цвет од бозел, липа, тимјан, слатко дрвце и анасон. Се препорачува како превентивна напивка против настинки во ладниот зимски период, но и како чај што треба да се консумира во поголеми количини за време на самата настинка. Билките од оваа чајна мешавина имаат антисептични дејства, го олеснуваат кашлањето и дејствуваат благопријатно врз организмот. Така, билките бозел, слатко дрвце и анасон го олеснуваат искашлувањето, а доколку се работи за непродуктивна кашлица и придонесуваат за смирување на кашлицата . Тимјанот, пак, има дезинфекциски својства и дејствува силно антисептично врз целиот организам. Поради присуството на липа во Зимскиот чај, тој може да помогне и за намалување на зголемената телесната температура, која често се јавува како симптом при настинки. Овој чај има исклучителен, благ вкус, па пријатно дејствува и како благо енергетско средство.
Зимскиот чај ќе ве исполни со топлина и ќе ви помогне да останете здрави во ладните зимски денови.