in , ,

DAIKIN Altherma Топлински пумпи

Една од најголемите потреби на општеството од секогаш била енергијата. Денешното општество се стреми да ја намали употребата на енергијата од фосилни горива која сеуште е доминантна, и замени со енергија добиена од обновливите извори на енергија. За таа цел, се зголемува искористувањето на енергијата од сонцето, енергијата од ветарот, од земјата (геотермална енергија) кои се почесто се експлоатираат со што се добива еколошки чиста, обновлива и бесплатна енергија по еднократна инвестиција.

Преголемата употреба на енергија добиена од фосилните горива (нафта, јаглен, природен гас) и нуклеарната енергија, значително ја загадуваат животната средина и го загрозуваат живиот свет во неа, со големата емисија на стакленички гасови кои директно придонесуваат за глобално затоплување и радиоактивен материјал карактеристичен за нуклеарната енергија. Овие извори на енергија се необновливи, и нивните резерви на планетата Земја се ограничени и постојано се намалуваат, а нивната цена оттаму и расте.

Со зголемемување на процентот на енергија добиена од обновливите извори, во севкупно добиената енергија, не само што се забрзува развојот на самата држава, туку и се зачувува екологијата во неа и се намалуваат трошоците со намалениот увоз на енергија.

Денес безмалку 84% од севкупно произведената енергија на светско ниво се добива од фосилните горива. Имајќи ја во предвид нивната ограниченост, неизбежно е соочување со криза во смисла на недостаток на истите, при што нивната цена би била енормно голема.

Инженерите , научниците и истражувачите пристапија кон решавање на овој актуелен проблем, каде како едно од подобрите економски и еколошки ефикасно решение го пронајдоа кај топлинските пумпи.

Во ова поле се истакнуваат DAIKIN топлинските пумпи, кои своето име го градат уште од 1924 година. До денес успеале да опстојат на врвот во својата област преку постојани инвестиции во развојот, иновативни решенија и оригиналните идеи, и не остапувајќи од мисијата за обезбедување удобна и постојана внатрешна околина за сите луѓе во светот.

  DAIKIN ALTHERMA - Колку ќе чини инвестиција во централен систем за греење, ладење и санитарна топла вода?

DAIKIN ги имаат решенијата за сите примени (нова изградба, куќи со малку енергија, реновирање без промена на радијаторите/цевките, или реновирање на целосниот систем за греење), со комбинирање на сите видови грејни тела (подно греење, конвектори на топлотна пумпа, радијатори со мала температура и со голема температура до 80°С) за  обезбедување топол дом и топла санитарна вода:

  • Технологија на принцип воздух-вода:
    – Загарантиран капацитет на греење до -25°С во зима
    – Можно е поврзување со соларен колектор за поддршка на топлата санитарна вода, за да се оптимизира употребата на обновлива енергија
  • Хибридна технологија: технологија за кондензирање гас во комбинација со технологија воздух-бода
    – Избран е најекономичниот оперативен режим врз основа на цената на енергијата, надворешната температура и внатрешната количина на топлина
    – Оптимизација на двете технологии
  • Технологија на принцип земја-вода: вади топлина од земјата
    – Идеално за клими каде што просечната зимска температура паѓа под 3°С
    – Висока сезонска ефикасност благодарение на стабилната подземна температура

 

DAIKIN Altherma на ниска температура

Althermaта која се базира на технологијата на топлински пумпи, се споредува  со конвенционалните системи за греење, но за разлика од нив е пред се еколошки поприфатлива,поефикасна и едноставна за одржување. Daikin Altherma системот на ниска температура совршено одговара на нови згради, како и за куќи со малку енергија и се карактризираат со најдобра сезонска ефикасност што овозможува најголема заштеда на работните трошоци.

Компактната надворешна единица може едноставно  да се постави било каде надвор од објектот без  други дополнителни  земјени работи, бушења и слично.Исто така и внатрешната единица-хидробоксот  се вградува било каде во  внатрешноста на самиот објект.Притоа нема  потреба од посебна просторија за сместување на единицата,дополнителни приклучоци за  оџак, котел за гориво или приклучок за гас. Алтермата едноставно после монтирањето може да се поврзе со сите стандардни нискотемпературни радијатори или системи за подно греење .

  • Напојувана од 75% обновлива енергија одделена од воздухот и 25% струја
  • Достигнува ознака за енергетска ефикасност A++ за греење
  • Лесна контрола
  • Капацитети од 4 до 16 KW
  • Комбинирајте ја топлотната пумпа со соларна поддршка за да ја зголемите заштедата за топла водa
  Зошто да изберете Daikin Altherma топлотна пумпа воздух-вода?

 

Daikin Altherma на висока температура

Топлотните пумпи воздух-вода со висока температура се идеални за реновирање и замена на старите бојлери. Компактниот дизајн на Daikin Altherma со висока температура бара мал простор за инсталација и беспрекорно се вклопува со постоечките цевки и радијатори. На овој начин може да уживате во енергетската ефикасност на топлотната пумпа без да треба да го замените целиот систем. Daikin Altherma е целосен систем на греење и производство на топла санитарна вода, базиран на технологијата на топлински пумпи која ја добива топлината од воздухот.Исто така таа претставува ,прилагодлива и економична замена за конвенционалните котли на фосилни горива, која во себе ја има и опцијата на ладење. Сите карактеристики за енергетска ефикасност што ги поседува  Daikin Altherma ја прават идеално решение за намалување на потрошената енергија и намалената емисија на CO2.

  • Напојувана од 65% обновлива енергија одделена од воздухот и 35% струја
  • Достигнува ознака за енергетска ефикасност A+
  • Лесна контрола
  • Капацитети од 11 до 16 KW
  • Комбинирајте ја топлотната пумпа со соларна поддршка за да ја зголемите заштедата на енергија за топла вода

Иако е поголема почетна инвестиција, ефикасноста на топлинските пумпи ги прават економски оправдани и исплатливи. Со актуелизирање на еколошкиот проблем и штетноста од фосилните горива, и со трендот на зголемување на свеста кај луѓето, се зголеми и употребата на  топлинските пумпи. Daikin придонесе многу за развој на оваа технологија, да биде поконкуретна и позанимлива , затоа е докажан број еден.

diabetes

Дијабетес – најчеста болест предизвикана од современиот начин на живот

Premi Slide 76 – за повеќе удобност во вашиот дом