in ,

Важноста на нанесувањето средство за заштита од сонце за време не летото

Совет од Алкалоид

Средство за заштита на кожата од сонце треба да се нанесе првенствено поради невидливите ултравиолетови (УВ) зраци од сонцето – имено УВА- и УВБ-зраците.

Сонцето, како неисцрпен извор на енергија и на живот, во нашата земја присутно е во поголемиот дел од годината и, секако, најмногу налето. Тоа, во одредена мера, е добро за нас бидејќи е важен извор на витаминот Д, кој е суштински за здрави коски и кој воедно го поттикнува нивото на серотонин и ни го подобрува расположението. Познат и корисен е и ефектот на сончевото зрачење врз човековата психа. Без оглед на уникатните придобивки од сончевите зраци за целокупната благосостојба на организмот, обезбедени со рационално и со контролирано изложување на сонце, сонцето предизвикува неколку ризици во случај на продолжено изложување на него.

Прекумерната и постојана изложеност на сонце може да има сериозни здравствени ефекти, како на пример појава на еритеми (црвенила), изгореници, на темни дамки, предвремено стареење на кожата и друго. Во зависност од типот на кожата и од другите фактори, времето на изложување на сонце, во кое ултравиолетовото зрачење може да предизвика сериозни здравствени проблеми, се разликува од едно до друго лице.

Факторот за заштита од сонце, односно од УВ-зраците, укажува на степенот на заштита обезбедена од одреден производ за сончање. Без соодветна заштита, изложеноста на сонце е прифатлива само во одреден временски рок, кој, според типот на кожата и според природниот отпор на кожата, варира од 5 до 30 минути. Помножувањето на факторот за заштита од сонце (СПФ) и временскиот период на природниот отпор на кожата (без заштита) го дава вкупниот временски период на изложување на сонце, во кој може безбедно да уживаме под сонцето.

  BLACK UP Уживајте под сонцето...

Препаратите од колекцијата Black up содржат комбинација на УВА- и УВБ-филтри, кои обезбедуваат заштита од штетното влијание на УВ-зраците. Воедно содржат и додатни компоненти, кои го помагаат добивањето на посакуваниот бронзен тен и ја негуваат кожата.

Колекцијата Black up содржи повеќе производи со различен СПФ, а како новитети би ги истакнале кремот за сончање лице Black up со СПФ 30 и маслото за сончање Black up со СПФ 50.

Кремот за сончање лице Black up СПФ 30 содржи комбинација на УВА- и УВБ-филтри, витамин Е, Де-пантенол и екстракт од алое вера. Вградените состојки обезбедуваат висока заштита на лицето од УВА- и УВБ-зраците во текот на сончањето, а истовремено ја заштитуваат кожата од изгореници и од црвенило. Екстрактот од алое вера и Де-пантенолот ѝ ја обезбедуваат потребната влажност на кожата. Кремот за сончање лице е дерматолошки тестиран и наменет за сите типови кожа.

Маслото за сончање Black up со СПФ 50 содржи комбинација на УВА- и УВБ-филтри и витамин Е и обезбедува висока заштита за кожата во текот на сончањето. Маслото содржи витамин Е и состојки што обезбедуваат целосна нега и кадифесто, пријатно чувство врз кожата при допир. Брзо се впива, не ги мрси кожата и облеката и е водоотпорно. Маслото е дерматолошки тестирано и е наменето за сите типови кожа.

Штетните УВ-зраци се рефлектираат врз нас од околината, па важно е да се знае дека сенката не обезбедува доволна заштита од сонцето. Тоа важи и кога е облачно. Во зависност од дебелината на облакот, до 90 % од УВ-зрачењето минува низ него. Затоа, дури и кога се престојува под сенка, потребно е да се нанесе заштитен фактор.

  „Детокс микс“ чајна мешавина која поволно дејствува за детоксикација на организмот

DAIKIN инвертер клима уреди – беспрекорна удобност, дизајнирано со највисок квалитет

Совети против прашина и нечистотија во домот