in , ,

Знаете ли зошто е потребно редовно чистење на вашиот клима уред?

За време на топлите денови од летото нема ништо поубаво од пристигнување во пријатно разладен дом или канцеларија.

Да бидеме искрени сервисирањето на клима уредот ни е последното нешто на ум се додека не му се намали моќта на ладење, се расипе насреде летните горештини или почне да шири непријатна миризба.

За да не ви се случи такво нешто потребно е редовно одржување на вашиот клима уред. Скоро секој уред троши по 5% од својата ефикасност за секоја година што работи. Со тек на време и самите компоненти ослабуваат па затоа рутинското сервисирање е неопходно.

 

Несоодветната употреба, несоодветното приспособување и одржувањето на клима уредите и системите за климатизација, покрај многуте погодности може да имаат и низа недостатоци.
Па, така, наместо комфор и удобност, клима уредите може да  предизвикаат и здравствени тешкотии, па дури и посериозни заболувања.

Она што исто така е важно е и редовното перење на филтрите со што се добива поголем проток на воздух низ самиот клима уред и се зголемува неговата енергетска ефикасност. За да го спречите и ширењето на штетните микроорганизми и појавата на непријатни мириси потребна е дезинфекција на клима уредот.

 

Докажано е дека долготрајниот престој во климатизирани простории ги влошува симптомите на артритис и воспаленијата на синусите, а зачестена е и појавата на грип, настинки и воспаленија на дишните патишта, токму поради неправилната употреба на клима уредите.
Покрај ова, константното изложување на телото на температурни шокови секојпат кога излегуваме од разладена просторија на пеколните температури надвор, предизвикуваат стрес кој со текот на времето се одразува и на нашето здравје.

 

Клима уредот треба да се одржува барем еднаш во годишно, а за најдобар ефект препуштете им го тоа на професионалците во Видео-дата.

  DAIKIN Инвертер клими - вашиот ПРВ ИЗБОР, сега со акциски цени во ИЦС ГРУП

 

п.с. Важно е да знаете :

  • Инсталацијата и одржувањето на клима уредот да биде изведена од страна на професионалец.
  • Постојано проветрување на просторијата каде што работи уредот.
  • Разликата меѓу надворешната и внатрешната температура да не биде поголема од 6 степени бидејќи поголеми разлики на температурата може да доведат до сериозни здравствени последици и непотребно трошење на електрична енергија.

Направивме и едно мало истражување, видете како ситуацијата е кај нас?

Daikin stylish новата серија на клима уреди bluevolution достапни и кај нас

Зимски чај - Алкалоид

Зимски чај – за комплетно уживање во зимските денови