in ,

Бидете СОС суперхерој

Нарачајте ги новогодишните производи на СОС Детско село

Ако верувате дека сите деца заслужуваат да бидат среќни и безгрижни, доволна е само Вашата љубов и добрина! И Вие можете да промените нечиј живот, и да бидете причина за многу детски насмевки и остварување на многу соништа. Бидете СОС суперхерој и нарачајте ги новогодишните производи на СОС Детско село и овозможете им среќно и безгрижно детство на децата без родителска грижа и оние кои се во ризик да ја загубат грижата од своите родители.

Сите честитки се преклопни, со димензии 210 х 105мм.

Цената на новогодишните честитки изнесува 40 ден. + ддв за новата колекција (мотив од 1 до 5) отпечатена на рециклирана хартија, односно
25 ден. + ддв за мотивите од 6 до 9.

Сите честитки се отпечатени на рециклирана хартија со вклучен коверт.

*Мотивите 1 и 2 се со дополнителни елегантни детали изработени со селективен лак и златен тисок.

*За количини поголеми од 500 честитки, цената ќе биде предмет на дополнителни договори.

*Внатрешната страна на честитките може да се брендира по Ваша желба.

Со особена радост Ви го претставуваме нашиот уникатен производ создаден со многу љубов и внимание. Креативен планер кој ќе Ви помогне да ги креирате, организирате и реализирате Вашите лични и професионални цели.

Уникатниот производ изработен од рециклирана хартија во Б5 формат содржи 88 интерактивни страници, мотивираќки пораки, индивидуален простор за креативни идеи, боенки за возрасни, оригами, стикери и уште многу интересни нешта.

Цената на планерот изнесува 400 ден. + ддв.

*За количини поголеми од 100 планери, цената изнесува 370 ден + ддв.
*За количини поголеми од 200 планери, цената изнесува 350 ден + ддв.

*Предната страна од планерот може да се брендира по Ваша желба.

КАКО ДА НАРАЧАТЕ:

  • Јавете се на телефон: (02) 3290 556;
  • Испратете ја нарачката на e-mail: cestitki@sos.org.mk;
  • Направете on-line нарачка на нашата веб страница: www.sos.org.mk;
  • За отпечатување на логото на Вашата компанија контактирајте нè на тел: (02) 3 290 556 или на e-mail: cestitki@sos.org.mk;
  • Нудиме бесплатна достава на новогодишните производи до Вашата адреса на целата територија на РМ.
    (минимална количина за достава е 200 парчиња)
  • Рокот на доставување е најдоцна три работни дена по потврдената нарачка;
  • Новогодишните производи можете да ги преземете и од нашата Национална канцеларија (ул. Ристо Шишков бр. 31 – улицата која води од Влада кон Градски парк) секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Напомена:

Теренските дистрибутери кои вршат продажба на новогодишно производи на СОС Детско село по повиско цена од онаа која е истакната во ова писмо, не се претставници на нашата организација и исите вршат неовластена продажба и злоупотреба.

Inox Bratstvo садови во Кит-го лојалти акција

5 причини да изберете Daikin