in ,

Daikin Altherma топлотна пумпа – ладење, греење и санитарна топла вода – По твоја ЖЕЛБА.

Daikin Altherma топлинските пумпи можат да ги загреат и оладат Вашите простории, истовремено произведувајќи и санитарна топла вода во домот. Овој иновативен систем може да се поврзе со подно греење, радијатори или вентилоконвектори – фенкојлери.

Со помош на мала количина енергија, топлинските пумпи пренесуваат топлина од амбиенталниот воздух во вашиот дом, што ги прави до 5 пати поефикасни од традиционалните ситеми за греење кои работат на фосилни горива или на струја.

Со ова не само што се грижите за околината, туку правите инвестиција која долгорочно ќе ви се исплати.

Уживајте во комфорот на најпродаваната топлинска пумпа во Европа со супериорни перформанси, висока енергетска ефикасност и сигурна работа на температури до -28°C.

Daikin HPC вентилоконвектори

Daikin HPC конвекторите работат на помала температура на вода (30-35°C), за разлика од радијаторите, што значи дека со нивна инсталација ќе заштедите дополнителна енергија и ќе обезбедите греење и ладење.

Овие вентилоконвектори може да се комбинираат со подно греење, бидејќи работат на иста температура на вода.

 

DAIKIN HPC парапетен конвектор

Со само 135mm длабочина, ова грејно тело е погодно за секоја куќа или стан и беспрекорно се вклопува во секој ентериер.

Екстремно тивка единица
Кога е потребно помалку греење, единицата го модулира протокот на воздух за да ја намали брзината на вентилаторот и притоа ја намалува бучавата при работа.

Daikin Altherma HPC користат најнова технологија (DC Inverter), за дa овозможат заштеда на електрична енергија и притоа да ги задржат своите супериорни перформанси.

DAIKIN HPC вентилоконвектори со скриена и високоѕидна монтажа

Модел со скриена монтажа:
Топлинската пумпа Daikin Altherma може да се комбинира со вентилоконвектори со монтажа дискретно скриена во плафонот. Може да се постават на 4 различни начини, хоризонтално или вертикално со можност за дистрибуција на воздухот со каналски развод низ целата просторија.
Идеално решение за мали и за големи простории.

  Пронајдете го DAIKIN мулти сплит решението за вашиот дом

Високоѕидна единица:
Доколку располагате со мала просторија, високоѕидната единица заштедува простор на подот за мебел и декорации.
Со дебелина од само 129 mm, оваа единица претставува извонредно техничко достигнување што овозможува да се вклопи во секој ентериер.

 

ПАКСОН – ПРЕМИУМ партнер на DAIKIN за Македонија

Ул. Загребска бр. 28в, лок. 5, 1000 Скопје

02 3109 998 | 076 360 654 | 075 234 040

contact@pakson.net www.pakson.mk

Енергетско ефикасни Daikin Altherma топлински пумпи – ICS Group ви нуди паметни решенија за најниски сезонски и месечни трошоци за греење оваа зима!

Енергетско ефикасни Daikin Altherma топлински пумпи – ICS Group ви нуди паметни решенија за најниски сезонски и месечни трошоци за греење оваа зима!