in ,

Сите видови кожа на лицето и адекватна нега

Каква кожа имаме на лицето и кој тип на кожа најчесто е генетски наследно.

Сепак постојат ситуации кога ние сами влијаеме или може да влијаеме на нашата кожа (исхрана, спортување, добар сон, суплементи, непушење, водење грижа за кожата, посета на стручен лекар).

Постојат неколку типови на кожа:

  • Сува кожа
  • Мрсна кожа
  • Нормална кожа
  • Комбинирана кожа
  • Чувствителна кожа

СУВА КОЖА

Сува кожа е порозна кожа, дехидрирана и многу често осетлива. Може повремено да се лупи или појачано кога е изложена на удари од ветер и ниска температура.

Порозност означува послаби или ,,разлабавени” меѓуклеточни врски. Поради оваа порозност имаме испарување на вода од кожата од подлабоките слоеви. Затоа мора да се оствари бариера за водата од кожата да не испарува а во исто време и да доведеме вода, хидратација во кожата.

Освен со медицинските третмани (мезотерапија-биолошки пилинг), ова треба да го постигнеме и со адекватна козметика наменета само за сува кожа.

Наутро и навечер се користат клинсери или гелови за миење, за отстранување на нечистотиите од кожата. Гелови и клинсери за сува кожа се следните предложени, за кои нема никако да згрешите:

  • LA ROCHE- POSAY
  • BIODERMA SEBIUM
  • LRP TOLERIAN
  • NOREVA XERODAINE

Откако ќе се измие кожата, ставаме богат крем за хидратација на лицето а доколку излегуваме наутро ставаме и крема со заштитен фактор. Креми со заштитен фактор наменети за суви кожи се:

  • EUCERIN AQUAPURIN ACTIVE SPF-25
  • URIAGE LIGHT WATER SPF-20
  • AVENE HIDRANTE SPF-20
  • EUCERIN HYAL-UREA UVE AVLOG

Навечер повторно го чистиме лицето со клинсер за сува кожа, може да внесеме серуум со хијалуронска киселина и ноќна крема од линијата за сува кожа.

Трет и најважен чекор е стимулацијата на колаген. Стимулацијата на колаген е со професионални медицински третмани со кој се внесуваат активни состојки за стимулација на колаген (витамини, коензими, антиоксиданти , пектиди, невмрежана хијалуронска киселина).

МАСНА КОЖА

Основниот проблем на масна кожа е изменето лачење на себум, т.е појачано лачење на себум и изменет состав на себумот. Кожата најчесто светка на челото и носот. Кај овој вид на кожа имаме и неадекватно удвојување на клетките кои си ја завршиле својата функција, својот циклус и треба да отпаднат. Оваа е хронична состојба на кожата од која луѓето не треба да се срамуваат. Со адекватни третмани и домашна нега успешно се решава овој проблем. Со третмани и протокол освен што ќе се реши проблемот зголемено лачење на себум ќе се реши и проблемот со намалено испаѓање на акни, митесери и смалено светкање на кожата.

Клинсери наменети за мрсна кожа кои се користат и наутро и навечер се:

  • NOREVA EXSFOLIAC
  • BIODERMA SEBIUM
  • MIXA
  • LRP-EFACLAR
  • URIAGE – HYESAC

Кога сме го отстраниле себумот од нашето лице, може да влијаеме и на тоа нашите клетки кои не се повеќе во функција да отпаднат од кожата на лицето. Тоа се производи кои содржат алфа и бета киселини и ретинуиди.

Предложени производи:

  • THE ORDINARY RETINOL
  • URIAGE HYESAL-3 REGUL
  • BIODERMA SEBIUM
  • TONIC PIXY GLOW
  • ORDINARY GLYCOLIC ACID
  • ORDINARY SALICIL ACID 2%

Може да се користат производи, кремови кои се себолиптици, го намалуваат и менуваат составот на себумот. Предложени производи:

  • PRIMA SKIN RESCUE (DNEVNA I NOKNA KREMA)
  • BIODERMA SEBIUM SENSITIVE
  • URIAGE EMULSION
  • NOREVA ECSFOLIAC GEL

Постојат и производи кои се комбинирани т.е освен што ги луштат клетките тие и го менуваат значењето на себумот, т.е неговиот состав.

  • BIODERMA SEBIUM GLOBAL
  • BIODERMA SEBIUM MAT

Пред да излеземе надвор задолжително се користи производ, крем со UV блок, наменет за масна кожа.

  • BIODERMA SPF 30 HIDRABIO
  • URIAGE PUDRA VO KAMEN 30
  • URIAGE HYESAS 30
  • NEOSTRATA CHEER HYDRATION SPF 35

Со овие производи го штитиме лицето од зрачење и фотостареење (губење еластицитет, хиперпигментации и појава на брчки)

Со производите против сонце, UV зраците кај сите видови на кожа директно влијаеме да ја сочуваме структурата на нашиот колаген.

Со овие препарати наменети за масна кожа влијаеме и на порите кои се гледаат т.е не дозволуваме повеќе да се шират. Друга фаза кај масниот тип кожа е да доведеме до кожата адекватна количина вода со препарати за хидратација на кожата наменети за масен тип. Најубаво би било тоа да е серуум со хијалуронска киселина. Овие препарати впиваат голема количина вода. Најважен чекор е стимулација на колаген кај сите видови кожа па и кај масната кожа. 25 години референтна година кога почнува стареење на лицето, односно поголема разградба на колаген отколку синтеза. Стимулација на колаген се прави со професионални медицински третмани. Да резимираме…

Наутро, прво клинсер за масна кожа, второ крем за хидратација, трето крем или пудра со фактор.

Навечер, средство за отстранување шминка, второ клинсер за масна кожа, трето производ со киселини или ретинуиди

НОРМАЛНА КОЖА

Нормалната кожа е најлесна за одржување. Светол или темен тен, излгеда мазна, на допир лека седефаста , нема видливи промени и траги од маснотија. Порите се незабележителни, нема осип , лупење, перутање , нема акни и митесери. Се определуваме за клинсер, дневен крем за фактор и ноќен крем наменет за нормална кожа. Наутро, 1) клинсер, 2) крем со фактор.

Навечер, 1) мицерална вода, 2) клинсер , 3) серуум за хидратација, 4) ноќен крем за нормална кожа

КОМБИНИРАНА КОЖА

Комбинирана кожа е кога на некои места имаме масна кожа, а на некои нормална. Кај комбинираната кожа најчесто се водиме по протоколите за масна кожа, ако имаме повеќе делови масна кожа.

Ако имаме делови кадешто имаме и масна и сува кожа тогаш имаме посебен третман на секоја зона. Комбинираниот тип на кожа се менува во зависност од надворешните климатски влијанија такашто лицето во зависност од сезоната се менува од мрсно кон суво и обратно.

ЧУВСТВИТЕЛНА КОЖА

Лошо ги поднесува козметичките препарати. Раздразлива, тенка , без сјај не ги поднесува климатските промени од околината.

Склон е на црвенило, алергии, често се јавува пецкање, чешање, боцкање.

Некогаш и отстранувањето на шминката придонесува раздразливост. Оваа е најтешката комбинација која може да ја имате. Можна е појава на розацеа, екцем, дерматитис. Луѓето кои имаат ваква кожа најдобро е да се обратат на дерматолог или лекар кој се занимава со оваа проблематика, за правилен избор на производи и правење медицински третмани за осетлива кожа.

Д-р. Марија Караниколова

Како до чист и здрав воздух во вашиот дом или работен простор?

Почувствувајте ја енергијата од воздухот