in

Почувствувајте ја енергијата од воздухот

Топлинска Пумпа Vaillant: неисцрпна енергија, докажана технологија на иднината

„Бидете иновативни, слушајте ги купувачите“ велел основачот на нашата компанија Johann Vaillant уште во 1874 година. Ова наше мото, без исклучок, постои и понатаму. Денес тоа значи идеално искористување на обновливите извори на енергија, овозможување паметен начин за контрола преку мобилна апликација и овозможувајќи им на купувачите сè што им е потребно за да ги направат своите домови поудобни, а сè тоа со квалитет што го гарантира традиционалниот германски бренд.

Нашите топлински пумпи се најдобар пример за наведеното. Тие ја користат неисцрпната енергија на сонцето што се наоѓа во воздухот, земјата и во подземните води како бесплатен извор на енергија со нулта емисии на CO2 и ја претвораат во топлинска енергија за поголема удобност во вашиот дом, греење во зима, ладење во лето и подготовка на санитарна топла вода во текот на цела година.

Пониски сметки во домаќинството

Во споредба со конвенционалните гасни кондензациски системи, топлинската пумпа може да ги намали вашите сметки за греење до 75%. Топлинската пумпа ја користи енергијата од околината за греење и ладење на вашиот дом. Од 100% топлинска енергија топлинската пумпа користи само 25% електрична енергија за својата работа. Преостанатите 75% се бесплатна енергија од околината. Може да очекувате и 100-процентна независност од фосилните горива што, исто така, значи дека нема да плаќате сметки за испитување на димните гасови и за чистење на оџаците.

Помалку CO2 во животната средина

Традиционалните системи за греење користат фосилни горива, што ги прави скапи и неодржливи за животната средина. Топлинските пумпи трошат помалку енергија од традиционалниот систем за греење бидејќи користат обновливи извори на енергија и еколошки се поприфатливи поради позитивниот ефект врз средината.

Широк распон на примена

Совршено за новоградба

Топлинските пумпи се нискотемпературни генератори на топлина. Тоа ги прави идеални за нови објекти кои што имаат ниски енергетски барања благодарение на добрата термичка изолација. Поголем дел од енергијата се користи за греење на санитарна топла вода, а во тоа подрачје топлинските пумпи Vaillant може да се пофалат со најдобри излезни вредности што ви гарантираат секојдневна удобност.

Соодветно за постојни објекти

Топлинските пумпи се исто така добра солуција за постоечките објекти како и за делови без достава на гас за греење. Топлинските пумпи се нискотемпературни генератори на топлина што ги прави идеален извор на енергија во комбинација со подно греење. Колку што е повисок степенот на модернизација, толку повеќе се препорачува употребата на топлинските пумпи. Хибридниот систем составен од топлинска пумпа и на гасен кондензациски котел, исто така, нуди поголема сигурност и енергетска ефикасност.

Топлинските пумпи остваруваат резултати независно од времето

Во географска смисла нема ограничувања во однос на тоа каде може да се користат топлинските пумпи. Сигурно и ефикасно работаат во режим на греење дури и на крајниот север, каде што температурите паѓаат и до −20°C. Купувачите во појужните краишта може да бидат заинтересирани за интегрирано активното ладење што може да се активира во лето со соодветни подесувања.

Субвенции

Топлинските пумпи исклучително економично и одржливо ги користат обновливите извори на енергија. Од таа причина топлинските пумпи често се вклучени во државните, односно во регионалните стимулативни програми.

Нашето искуство е ваша гаранција

Vaillant, како технолошки лидер, дава иновативни решенија за греење повеќе од 145 години. Својата стручност ја пренесовме и во развојот на технологијата на топлински пумпи. Нашите решенија, од кои голем број се патентирани, ја направија оваа технологија сигурна, ефикасна и соодветна за секојдневниот живот. Повеќе од 200.000 инсталирани топлински пумпи низ целиот свет секојдневно го потврдуваат тоа во пракса.

Придобивки од нашето искуство:

  • Производите се развиени во Германија и се произведуваат исклучиво во ЕУ.
  • 100% испитување на секоја топлинска пумпа на производната линија.
  • Најекстремни временски услови се симулираат во нашите испитни центри, во ладни комори каде што температурите се намалуваат до −25°C.
  • Топлинските пумпи Vaillant се меѓу најтивките на пазарот. Високо ниво на сигурност благодарејќи на користењето на безбедносните норми.
  • Управување со квалитетот во согласност со нормите EN ISO 9001 EN ISO 14001.

Нова aroTHERM Split: за вашата удобност и вашиот буџет

 

aroTHERM Split е топлинска пумпа што дава најдобар сооднос меѓу вложеното и добиеното за станбените објекти. Ја искористува топлинската енергија од воздухот како бесплатен извор на енергија. Системот aroTHERM Split е составен од два дела т.е. надворешна и внатрешна единица.

Предности за корисникот

Топлинската пумпа се поставува дискретно на ѕидот од вашата куќа или на оддалеченост до 40 метри во градината. Внатрешната единица uniTOWER се поставува во вашиот дом, која што не е поголема од еден ладилник и истата ви нуди низа предности:

  • заштеда на простор, дискретна инсталација – сите хидраулични делови веќе се вклучени;

комфор на санитарна топла вода благодарение на интегрираниот бојлер со волумен од 190 литри. Потребно ви е повеќе топла вода? Во тој случај едноставно комбинирајте го ѕидниот хидро-модул со бојлер за топла вода uniSTOR:

  • Волумен до 500 литри
  • Опслужување на повеќе корисници истовремено
  • Можност за интегрирање на соларен систем

Едноставна инсталација

aroTHERM Split може едноставно да се постави во еден ден. Станува збор за релативно едноставна и економски прифатлива инсталација за која што не е потребно правење големи отвори во ѕидовите.

Компактен, а моќен

1.880x600x690 (ВxШxД во mm): со своите компактни димензии uniTOWER не зазема премногу од скапиот животен простор во новите домови. Тоа важи и за надворешната единица на топлинската пумпа.

Високи перформанси, ниско ниво на бучава

Голем избор на модели приспособени на вашите потреби

Топлинската пумпа aroTHERM Split е достапна со различни моќности од 3 до 12 kW. Една од нив со сигурност ќе биде совршено решение за Вас. Комбинирајте ја со нашата uniTOWER хидраулична единица со додатен контролер и создадете исклучително ефикасен систем на греење:

  • Енергетска ефикасност aroTHERM, uniTOWER
  • Греење (G—A++)
  • Тола вода (F—A+)

Нашите технички лица и партнери ќе ви предложат соодветната топлинска пумпа за Вас.

Ќе се уверите: не може потивко

Системот aroTHERM не е само исклучително штедлив и ефикасен: благодарејќи на системот SoundSafeSystem, исто така, е неверојатно тивок. Нивото на бучава на хидрo-модулот не е погласно од звукот на модерен ладилник. Надворешната единица, исто така, работи неверојатно тивко. Звукот на работата едвај се слуша на оддалеченост од неколку метри и може да се спореди со тивко шушкање на лисја. Тоа е клучна предност, особено во населените подрачја. Ниското ниво на бучава овозможува надворешната единица на топлинската пумпа на Vaillant без проблем да се вгради дури и во градските зони со строги ограничувања на бучавата.

Флексибилно поставување

Не ви е потребно многу простор за да остварите корист од високите перформанси на уредот aroTHERM Split; во зависност од вашите барање, може да се постави во градината, покрај ѕидот на куќата или на покривот на гаражата. Приборот е достапен за изведување на сите видови инсталации.

Проширување на системот за уште поголема ефикасност

aroTHERM Split е ефикасно и еколошки прифатливо решение за греење, ладење и за подготовка на санитарна топла вода. Системот може да го направите уште поефикасен, еколошки поприспособен и попрактичен со проширување на системот со дополнителни уреди. Нашите топлински пумпи се вистински тимски играчи. Тие сакаат да работат и да комуницираат во системот, на пример, со вентилацијата на станбениот простор или со фотонапонскиот систем. Ако сакате да користите уште повеќе извори на обновлива енергија – нема проблем. Сите уреди Vaillant може лесно да се инсталираат и да се интегрираат во системот. Системите може, по потреба, да се надградуваат. Благодарејќи на интерфејсот eBUS, сè може едноставно да се подеси и регулира.

Систем за вентилација во домаќинството recoVAIR
  • Со нашиот контролиран систем за вентилација во домаќинството recoVAIR во секој момент може да уживате во свежиот воздух без полен и со минимално губење топлина. Овој концепт, исто така, нуди сеопфатно решение за вентилација, што е нужно во добро изолирани згради.
Соларен резервоар auroSTOR, соларен колектор auroTHERM
  • Нашиот соларен систем auroTHERM овозможува подготовка на санитарна топла вода во текот на цела година. Изберете од широката понуда на индиректно загревани бојлери за санитарна топла вода и искористете ја соларната енергија за исклучително ефикасен и одржлив начин на загревање на водата.
Фотонапонски систем auroPOWER
  • Нашиот фотонапонски систем auroPOWER ви овозможува создавање сопствена електрична енергија што е потребна за работа на топлинската пумпа aroTHERM Split.

Апликацијата multiMATIC бесплатно е достапна за iOS и Android

Едноставна контрола со мобилна апликација

Ако ја користите мобилната апликација multiMATIC, може да пристапите кон вашиот систем Vaillant од каде и да било во светот, од топлинската пумпа до соларниот систем и вентилацијата. Со допир на прст на екранот на паметниот телефон или таблет може да ја приспособите температурата, да ги подесите програмите за одредување на времето, да пристапите до посебни карактеристики или едноставно да проверите дали сè е во ред дома. Јасното мени ја прави апликацијата едноставна за користењето.

Повеќе за техничките податоци прочитајте ТУКА

Стручност и поддршка каква што сакам

Продажно-техничка поддршка во Феротерм

  • Високо квалификуван технички персонал им е на располагање на сите партнери за стручно проектирање и изведување на системот за греење, подготовка на санитарна топла вода, ладење и вентилација.
  • Богатото искуство на нашите инженери ќе обезбеди правилен избор на опремата и комплетниот систем.
  • Теренското искуство на илјадници различни обjeкти е знаење коешто не може да се надомести.

За цени и спецификации контактирајте ги Феротерм

Феротерм – с.Боговиње
Тетово, Македонија
Моб.: +389/70/949-989, +389/44/522-988
feroterm@t.mk

Сите видови кожа на лицето и адекватна нега

Daikin вентилација со рекуперација на топлина