in

Како до чист и здрав воздух во вашиот дом или работен простор?

Познато е дека постои директна врска помеѓу здравствените проблеми и квалитетот на воздухот кој го дишеме. Преку 80 милиони луѓе ширум Европа, страдаат на годишно ниво од разни форми на алергии и други тешки респираторни заболувања, а овој број е во постојан пораст. И додека не можеме многу да направиме за загадувањето на отворено, за просториите во нашиот дом или канцеларија, ситуацијата е поинаква.

Прочистувачите на воздухот се вистинското решение.

Тие се одличен начин да го направите воздухот во вашата соба почист и подобар. бидејќи и внатрешниот воздух може да содржи честички од полен ,прашина, мали влакненца и перут од домашни миленичиња, разни вируси, бактерии кои лебдат во просторот.

Daikin прочистувачите на воздух ( URURU MCK75J и МС70L) од ИЦС ГРУП, со моќната Flash Streamer технологија, се уникатни производи по начинот на кој функционираат и тие не само што ги отстрануваат (собираат) бактериите, вирусите, алергените, поленот и непријатните мириси од просториите, туку со нив се прави моќно разградување и распаѓање на штетните честички, ослободувајќи до 99,95% здрав и чист воздух.

Што e Flash Streamer технологија?

”Flash Streamer“ е тип на плазма – празнење при што се генерираат електрони со голема брзина, способни да ги активираат молекулите на кислородот и азотот од воздухот, овозможувајќи оксидативно разградување на бактериите, вирусите, мувлата, алергените и опасните хемиски материи. При овој процес се разградуваат протеинските површини на овие честици,правејќи ги истите понатаму безопасни и безбедни за околината.

Flash Streamer технологијата на Daikin има поширок опсег на празнење од конвенционалните филтри за воздух со помош на оксидативната брзина, а распаѓањето е 1000 пати побрзо и совршено безбедно за вашето семејство.

Со самото ова Daikin прочистувачите на воздух се дизајнирани со цел не само да прават собирање на честиците од разни вируси, бактерии, влакна од домашни миленичиња, мувла, полен како и разни други алергени и непријатни миризби, што е случај со поголем број на вакви уреди на пазарот, туку истите со Плазма јонизаторскиот филтер и Flash Streamer-от ефикасно се разградуваат и распаѓаат,правејќи го понатаму внатрешниот воздух чист и здрав.

Daikin прочистувачите функционираат во шест нивоа (фази) на филтрирање

  1. Flash Streamer единица – испраќа eлектрони со голема брзина и овозможува распаѓање на штетните честици (вируси, бактерии, полен) и непријатните мириси
  2. Предфилтер (co катехин*) – ги задржува покрупните честички на прашина и влакна од домашни миленичиња
  3. Плазма јонизатор– има функција негативно да ги наелектризира прашината и поленот и да ги насочи до електростатичкиот филтер.
  4. Електростатичен “HEPA” филтер за собирање на прашина и полен.
  5. Титан-апатитен фотокаталитичен филтер* ги апсорбира и разградува непријатните мириси, бактерии и вируси.
  6. Дезодорирачки катализатор со премаз од активен јаглен – непријатните мириси се впиваат и разградуваат, а воздухот се дезодорира пред да биде вратен во просторијата.

*Катехин е природна антибактериска материја произведена од лист на чај, која ги убива прикачените микроби на фатените честички.

*Титан – апатит филтер – претставува нов нано-технолошки материјал. Има својство да врши деактивација и деструкција на повеќе од 99.9% од вирусите, бактериите и ентеротоксините и е со 2,5 пати поголема апсорпциона способност отколку конвенционалните фотокаталитички филтри.

Микроскопски приказ на штетните честици пред и после третманот со Daikin Flash-Streamer прочистувачите

Ефикасноста на Streamer Technology во Daikin прочистувачите на воздух, e лабораториски докажана и потврдена со многу тестови, преку кои се гледа распаќањето на разни видови вируси, бактерии,алергени и штетни хемиски материи.

*Наведените експерименти се изведени од надворешни лабаратории на барање на Daikin Industries LTD. (University Yamagata, Wakayama Medical University, Kitasato Research Center of Environmental Sciences, Kobe University Graduate School National Institute of Hygiene and Epidemiology – Vietnam,Tohoku Bunka Gakuen University –Japan)

Сертификати

Сертификатите јасно покажуваат дека овие производи може многу да им помогне на оние кои имаат проблем со алергии, астматичари, луѓе кои боледуваат од респираторни и други опасни болести.

ПОБАРАЈТЕ ПОНУДА на info@icsgroup.mk или на 02/511 54 24, 076/344 728.

АЛТЕРМА топлотните пумпи

Во ИЦС ГРУП, сезонски попусти на АЛТЕРМА топлотните пумпи

Сите видови кожа на лицето и адекватна нега