in , ,

7 топ совети како да го освежите домот оваа пролет

Месеците кога природата се буди се најинспиративни за промени кон нешто ново

Пролетта е идеален период од годината за реновирање на вашиот дом, или некое каттче од него. Месеците кога природата се буди се најинспиративни за промени кон нешто ново, но исто така отпочнувањето на градежната сезона, заедно со атрактивните попусти на градежниците, ги прават пролетните месеци совршени за инвестирање во реконструктивен зафат. Се работи за моменти кога не сме преокупирани со годишните одмори, а пролетта носи и умерени температури, идеални за работа.

  • Апсолутен хит во изминативе години во развиените земји е создавањето урбани бавчи во дворовите. Разеленетата градина со цветен расад и дрвја се смета дека е недоволно функционална за активирање на човековото тело. Решението е во пермакултурата, која во Македонија е сè уште во својот субкултурен зародиш. Треба да се спомене дека засадувањето на изобилство органски растенија во дворот е еден од најдобрите лекови за надминување на стресот, на депресијата, но и за исполнување на слободното време. Билките и зеленчуците во дворот се идеално место за учење низ игра на децата, но и реална можност да се храните со здрави производи кои се под ваша целосна контрола од нивното засадување до принесувањето на трпезата.

  • Поделете го вашиот двор на неколку мали парцели. Направете мрежа од патеки до нив. Една главна патека која ќе води до влезот на домот, надополнете ја со по неколку бехатон плочки до најоддалечените делови од дворот. Изведбата на патеките можете да ја направите и сами ако се работи за помала површина. Откога ќе направите логично поврзана мрежа на движење низ дворот, засадете различни зеленчуци, јаготки, нане и босилек на формираните парцели. Од двете страни на уредената пешачка патека, поставете неколку бетонски столбови за идниот насад од киви или од грозје. Замислете само како би изгледал вашиот двор со висечка градина под која се наоѓа дебела сенка во текот на летните месеци!
  • Претворањето на вашиот двор во урбана бавча е само една од можностите. Покрај градинарството, внесете и некој вид на спорт во дворот. Дури и кај најмалите дворни површини постои можност за поставување на пинг-понг маса за секојдневно дружење во рамки на семејството. Ако имате поголем двор, идеална можност е да ја искористите вештачката трева за изведба на игралиште по ваш избор. Вашите пријатели ќе сакаат почесто да го минуваат времето со вас преку спортот, наместо со традиционалното пиење на кафе.
  3 совети за чистење на клима уредот кои ќе ви заштедат пари

  • За да постигнете интимна атмосфера, би било одлично во пролетната реконструкција да ја вклучите и изведбата на нова ограда во дворот. Најново решение за оградување на вашиот мултифункционален двор се 3Д панелните огради. Како алтернативно решение, кованите огради ја нудат идентичната можност за комуникација на вашиот двор со надворешниот свет. Ако сакате да бидете целосно одвоени од соседите или улицата, на пазарот постојат многубројни понуди за изведба на камена ограда. Без разлика на тоа за кој вид на ограда ќе се одлучите, не заборавајте дека вашиот избор треба да одговара на планираната функционалност на дворот.
  • На самиот крај, изведбата на базен е уште една можност којашто може да го разубави дворот. Покрај на вашето семејство и пријатели, базенот ќе им се допадне и на проценителите на имот. Бројни истражувања на пазарот на недвижности покажуваат дека грижливо уреден двор е влезната врата кон постигнувањето задоволство и вдахнувањето желба на идниот купувач за вашиот дом. Во делот на базенот, ваквото задоволство на купувачот може значително да ја зголеми финансиската вредност на куќата при купопродажба. Се разбира, добро осмислен базен пред сè значи инвестиција во задоволство и убави моменти за вас и вашите блиски.

  • Не заборавајте дека голем дел од пролетните зафати за реновирање на вашата куќа или стан можете да ги изведете сами. Искористувањето на слободното време за работни активности низ домот е особено добредојдено напролет. Токму во овие месеци од годината сакаме да направиме нешто ново, нешто што ќе го оплемени нашиот дом и ќе ни овозможи да се чувствуваме среќни. Поседувањето на домашна опрема при ваквите интервенции е задолжителна работа. Дури и да сакате само да го промените распоредот на слики во вашиот дом, неопходен ви е алат.
  DAIKIN Инвертер клими - вашиот ПРВ ИЗБОР, сега со акциски цени во ИЦС ГРУП

  • Заедно со ситните адаптации во домот, можете со вашиот мајстор да пробате да ја одиграте улогата на градител. При изведба на настрешница, монтирање на ормар, рушење на ѕид или изведба на било кој друг зафат, важно е да се поседувате обувки за заштита при работа и секогаш задолжителниот апарат за заварување. Искористете ги вашите лични вештини. Незаобиколното градителско дружење со најблиските може на наједноставен начин да води кон зацврстување на вашата лична самодоверба и кон зголемување на финансиската вредност на вашиот дом.

Што вашиот дом говори за вас?

За идеална клима во сите простории со мулти сплит систем!