in , , ,

Одговори на неколку прашања кои ќе ве натераат да купите Daikin клима уред

Неколку корисни совети околу користењето на клима уредите.

Греењето и ладењето со клима уред иако навистина претставува еден од поедноставните начини за задоволување на нашите потреби, дополнителни совети и корисни информации би ја олесниле употребата и одржувањето на истите.

Во продолжение Ви наведуваме неколку корисни совети околу користењето на клима уредите.

Зошто би ја избрале токму DAIKIN

Зошто климата послабо грее кога надворешната или внатрешната температура е пониска?

Климата не е електрична греалка, туку претставува топлинска пумпа. Ниските температури предизвикуваат низок притисок на гасот, во тие моменти климата послабо грее. Поради тоа, во зимските најладни денови, се препорачува да се остави клима уредот преку ноќ да работи и одржува некоја минимална собна температура (16-17 °C). Тоа би се направило за да може во утринските часови веднаш да се почне со зголемување на температурата. На овој начин подобро се загрева просторот, потрошувачката на струја е пониска во споредба со тоа колкава би била кога би се уклучувала климата повремено.

Зошто од внатрешната единица на климата повремено се слуша специфичен звук?

Со менувањето на температурата на надворешната и внатрешната единица, доаѓа до ширење и собирање на пластиката и тоа прави звук каков што ни се случува да слушнеме.

Дали климата  може да предизвика некаква болест и колку таа може да биде штетна?

Во медиумите се случува да се зборува и пишува за штетното влијание на климите на нашето здравје. Постојат случаеви во големите климатизацони системи, заради голема влажност на воздухот во каналите за довод на воздух да дојде до развивање на бактерии. Кај домашните сплит системи важно е да се постави сакана температура и да не се изложување директно на дувањето на климата.

  Пронајдете го DAIKIN мулти сплит решението за вашиот дом

Дали предупредувањата и стравот од клима уредите се оправдани?

Генерално гледано клима уредите немаат штетно влијание, доколку правилно се користат. Одржување на саканата, константна температура и влажност на воздухот помага на срцево болните и оние кои имаат проблем со крвниот притисок. Меѓутоа во климатизираните простории, освен температурата, струењето и влажноста на воздухот, треба да се внимава и на микробиолошкиот квалитет на воздухот кој го дишеме. Воздухот од клима уредите кои редовно не се одржуваат, често е со лош квалитет, а понекогаш има и лош мирис. Извалканите, темни и влажни места во внатрешноста на климите се навистина погодно место за развој на бактерии чие размножување може да се сопре доколку редовно се чисти и одржува клима уредот.

Се надеваме дека ви разбивме неколку митови за клима уредите и дека сега ќе ви биде полесно при изборот на соодветен клима уред. За повеќе информации за DAIKIN инвертер клима уредите посетете ја нашата DAIKIN акција.

Во продолжениe погледнетете го видеото за овој неверојатно добар производ:

[Elite_video_player id=”2″]

Енергетски штедлива зграда (E-книга)

Што вашиот дом говори за вас?