in , ,

Како да внесете дел од природата во домот и создадете своја градина

Мали совети кои можат да ви помогнат да направите големи промени во вашето окружување

Доколку отсекогаш сте сакале да се грижите за сопствена градина или барем да насадите една градинарска култура во саксија на вашата тераса, тогаш сега сте на вистинското место.

Иако градинарството е забавен начин за продуктивно трошење на вашето време, сепак тоа со себе носи и многу предизвици. Но, не грижете се – во продолжение ви нудиме неколку мали совети кои можат да ви помогнат да направите големи промени во вашето окружување.

Кои растенија да ги одгледувате?

Во зависност од расположивата површина

Зеленчук, зачини и ароматични билки

Доколку поседувате пространа градина и одлучите да ја збогатите со зеленчук, засадете го на место во градината каде ќе може да апсорбира доволно сончева светлина. На зеленчукот му е потребна дневна директна изложеност од најмалку 6 часа, а колку е поголема изложеноста на светлина, толку поголем ќе биде севкупниот квалитет и големината на жетвата.

Зачините се потешки за одгледување, а што се однесува на билките, лесно растат и при мала изложеност на светлина, така што може да ги одгледувате и во простории каде не допираат директните сончеви зраци.

Украсни треви

Збогатете го просторот со украсни треви. Украсните треви се одлични за збогатување и оживување на местата каде преовладуваат ѕидови и бетонски површини.

Исто така, тие се одличен избор за просторот околу базените. Нивната предност се гледа во тоа што не цветаат и не привлекуваат инсекти, како на пример пчели.

Со мала доза креативност и комбинација на тревите со саксии со различни бои и дезени, можете да внесете впечатлива свежина и разиграност во просторот.

Балконски цвеќиња

  Подготви го својот двор за летните забави!

Доколку немате голем двор или просторна градина, а сакате да донесете дел од природата поблиску до себе, најдобрата декоративна алтернатива се балконските цвеќиња. Балконот е екстензија на внатрешниот простор, и место на кое поминуваме голем дел од времето во топлите денови, па затоа е важно паметно и креативно да го уредиме. Додајте зеленило и не користете повеќе од три бои за да не го пренатрупате просторот.

Како да го одржите квалитетот на растенијата?

Квалитетот на растенијата зависи од голем број екстерни варијабли. Покрај сончевата светлина, водата е еден од повлијателните фактори. На различни растенија им е потребна различна количина на вода, како и зачестеност на наводнување со посебна технологија.

Растенијата и почвата редовно треба да се одржуваат со соодветни производи за нивно подобрување и прехрана, како и производи кои влијаат врз зголемување на отпорноста  и им помагаат на растенијата да го искористат својот биолошки потенцијал.

Во продолжениe видете 12 топ совети за вашата градина:

За идеална клима во сите простории со мулти сплит систем!

8 совети како вашата клима да работи подобро