in ,

DAXOSYSTEM – целосен систем за високоенергетска градба

DAXOSYSTEM – целосен систем за високоенергетска градба

DAXOROL повеќе од 50 години е лидер за производство на градежни материјали – малтери, лепаци, абриби и поликолори. Преку сопственото производство и дистрибутивната мрежа низ цела Македонија и регионот овозможува квалитетни материјали со високи стандарди на градежни компании, изведувачи и архитекти. Повеќе годишно производствено искуство во Германија дава гаранција за квалитет и сигурност.

Денес ви го претставуваме DAXOSYSTEM – целосниот систем за високоенергентска градба на компанијата DAXOROL.

Се работи за интегриран систем за звучна и термичка изолација. На следната фотографија се прикажани сите сегменти по фази на градење:

Лепакот за стиропор DAXOROL DX-5 G Pulverkleber е хидрауличен стврднувачки водоотпорен лепак. Наменет е за лепење на стиропор, тервол, армирана мрежа. За пополнување, реновирање и поправка на оштетени бетонски нерамни површини и разни пукнатини. Се употребува на внатрешни и надворешни површини. Не е дозволено мешање со други материјали. Боја: бела и сива.Техничките податоци преземете ги тука.

Лепакот за мрежа DAXOROL DX-55 Faserspachtel претстаува А-тестиран хидрауличен стврднувачки водоотпорен лепак од групата ПII според ДИН 18550. Наменет е за лепење на армирана мрежа, пополнување, реновирање и поправки на оштетени бетонски нерамни површини и разни пукнатини. Се употребува на внатрешни и надворешни површини. Не е дозволено мешање со други материјали. Боја: бела. Техничките податоци преземете ги тука.

Готовата подлога DAXOROL Unigrund служи за грундирање на внатрешни и надворешни површини за сите ВДВ системи и сите видови малтери на вештачка и минерална основа. Подлогата е потребно да биде цврста, сува, чиста и способна за држење премаз. Лабавите премази или деловите од малтер треба да се отстранат без остатоци. Може да се нанесува со ваљак, четка или шприцање. Не е дозволено мешање со други материјали.Техничките податоци преземете ги тука.

Завршниот слој на DAXOSYSTEM-от може да биде изработен во 2 различни варијанти:

  1. DAXOROL Mineralputze
    1. Минерален полн малтер – Абриб Kratzputz DX-700

Наменет за декорација на внатрешни и надворешни површини според ДИН 18350. Се употребува како финален слој врз сите видови на цементни, гипсени малтери, гипс картон плочи и сите други изолациони системи. Гранулација: 1,5; 2,0 и 3,0 мм. Не е дозволено мешање со други материјали. Боја: бела. Техничките податоци преземете ги тука.

  1. Минерален структурален малтер – Абриб Reibeputz DX-700

Наменет за декорација на внатрешни и надворешни површини според ДИН 18350. Се употребува како финален слој врз сите видови на цементни , гипсени малтери, гипс картон плочи и сите други изолациони системи. Гранулација: 2,0 и 3,0 мм. Не е дозволено мешање со други материјали. Боја: бела. Техничките податоци преземете ги тука.

  1. Акрилен абриб DAXOCRYL 

Боја за надворешни употреби со неутрален мирис, лесна за обработка, висок покривачки капацитет, отпорна на миење и бришење.Подлогата треба да биде цврста сува чиста и способна за примање на боја. Може да се нанесува со ваљак , четка или шприцање. Сите површини претходно задолжително да се грундираат со Daxorol tiefengrund.Техничките податоци преземе ги тука.

  1. DAXOROL Kunsthartzputze
    1. Структурен малтер – Абриб Kratzputz (Бел или со нијанса)

Пластичен полн малтер. Наменет за декорација на внатрешни и надворешни површини според ДИН 18350.Се употребува како финален слој врз сите видови на цементни , гипсени малтери, гипс картон плочи и сите други изолациони системи. Гранулација: 1,5; 2,0 и 3,0 мм. Не е дозволено мешање со други материјали. Боја: бела.Tехничките податоци преземете ги тука.

  1. Структурен малтер – Абриб Reibeputz (Бел или со нијанса)

Пластичен структурен малтер. Наменет за декорација на внатрешни и надворешни површини според ДИН 18350. Се употребува како финален слој врз сите видови на цементни , гипсени малтери, гипс картон плочи и сите други изолациони системи. Гранулација: 2,0 и 3,0 мм. Не е дозволено мешање со други материјали. Боја: бела. Техничките податоци преземете ги тука.

Контакт со Daxoroll: +389 (0) 44 350 030, info@daxorol.mk.

Како да направите добар избор на мебел за Вашиот дом

Како лесно и во секое време да ја дознаете потрошувачката на струја на било кој уред дома