in , ,

3 совети за чистење на клима уредот кои ќе ви заштедат пари

Се додека не му се намали моќта на ладење или се расипе во лето не помислуваме

За време на топлите денови од летото нема ништо поубаво од пристигнување во пријатно разладен дом или канцеларија.

Да бидеме искрени сервисирањето на клима уредот ни е последното нешто на ум се додека не му се намали моќта на ладење, се расипе насреде летните горештини или почне да шири непријатна миризба.

За да не ви се случи такво нешто потребно е редовно одржување на вашиот клима уред. Скоро секој уред троши по 5% од својата ефикасност за секоја година што работи. Со тек на време и самите компоненти ослабуваат па затоа рутинското сервисирање е неопходно.

Она што исто така е важно е и редовното перење на филтрите со што се добива поголем проток на воздух низ самиот клима уред и се зголемува неговата енергетска ефикасност. За да го спречите и ширењето на штетните микроорганизми и појавата на непријатни мириси потребна е дезинфекција на клима уредот.

Клима уредот треба да се одржува барем еднаш во 2 години, а за најдобар ефект препуштете им го тоа на професионалци.

Важно е да знаете :

  • Инсталацијата и одржувањето на клима уредот да биде изведена од страна на професионалец.
  • Постојано проветрување на просторијата каде што работи уредот.
  • Разликата меѓу надворешната и внатрешната температура да не биде поголема од 6 степени бидејќи поголеми разлики на температурата може да доведат до сериозни здравствени последици и непотребно трошење на електрична енергија.

Што да изберете стандарден клима уред VS. клима уред со инвертер ?!?

Доколку вашиот стар клима уред го отслужил своето, сервисирањето нема драстично да ја подобри неговата работа. Ако размислувате да купите нов, за вас одбравме и споредивме неколку видови на клима уреди кои можат да се најдат на нашиот пазар.

  Што да изберете стандарден клима уред VS. инвертер ?!?

Најчестите клима уреди кои скоро секое домаќинство ги има се стандардните (сплит) клима уреди. Тие имаат компресор кој не го менува бројот на вртежи, па според зададената температура термостатот или исклучува или вклучува.

За разлика од сплит клима уредите кои константно трошат иста количина на енергија, инвертер клима уредите пак се со понапредна технологија која ја регулира работата на компресорот и со тоа ја намалува потрошувачката на електрична енерија. Минималната работна температува на сплит клима уредите е до -5 степени додека кај инветер уредите е -15 степени. Стандарните клима уреди од овој тип се најзастапени во нашите домови пред сè поради ниската цена која се движи од 13.990 денари па нагоре, додека пак инвертер клима уредите можат да достигнат и 2-3 пати поголема цена. На македонскиот пазар квалитетен инвертер клима уред од брендот Daikin ќе ве чини 39.900 денари. Она што инвертерот го прави подобра инвестиција на долг рок е дека со него можете да заштедите 30% електрична енергија за разлика од стандардниот клима уред.

За сите оние на кои финансиите не им претставуваат проблем и се спремни да инвестираат во малку поамбициозен метод за разладување, целосното решение за климатизација е вистинскиот избор.

Централно решение за климатизација во вашиот дом претставува најдобра можност за да навистина постигнете висока енергетска ефикасност. Поставувањето на централни системи за ладење, греење, вентилација и климатизација вклучуваат изработка на техничко решение во зависност од конкретни ваши барања и потреби на просторот, опрема, инженеринг и изведба. Со помош на системите за автоматско управување, работата на целосните решенија за климатизација е точно според вашите потреби. Обезбедете си и вие целосно решение за климатизација на вашиот дом со оптимален однос на цена/перформанси – директно контактирајте со компанијата тука.

  DAIKIN Инвертер клими - вашиот ПРВ ИЗБОР, сега со акциски цени во ИЦС ГРУП

Без разлика за кој од овие методи за разладување ќе се решите, важно е да ги запазите препораките за правилно користење:

  • Инсталацијата и одржувањето на клима уредот да биде изведена од страна на професионалец.
  • Постојано проветрување на просторијата каде што работи уредот.
  • Разликата меѓу надворешната и внатрешната температура да не биде поголема од 6 степени бидејќи поголеми разлики на температурата може да доведат до сериозни здравствени последици и непотребно трошење на електрична енергија.

10 причини зошто да одберете HAIER клима уред за вашиот дом

СОНЦЕ – БЕСПЛАТНА ЕНЕРГИЈА?