in ,

Што вашиот дом говори за вас?

Основната поделба е на четири типови на личности, меѓу кои секој може да се пронајде.

Боите, дезените, формите, како и стилот на уредување, го отсликуваат не само вашиот вкус, туку и вашиот карактер, па дури и расположението. Основната поделба е на четири типови на личности, меѓу кои секој може да се пронајде.

 

Традиционален тип

Ќе го препознаете по удобноста со која вдишува нејзиното животно катче, смирените бои и класичниот мебел. Предност им дава на практичните работи кои имаат вредност поради материјалот или историјата, честопати посетуваат антикварници. Сака мебел од полнето дрво, а од детали – семејни фотографии во украсни рамки, драперии, рустични лустери и ѕидни ламби. Најпријатно се чувствува кога е опкружен со пастелни нијанси, затоа домот е во бела, кафеава, беж , теракота (ќерамида) и нежно зелена боја. Многу им е важно да имаат простран дневен престој и голема гарнитура за седење, бидејќи сакаат во својот дом да угостат бројни пријатели.

Бунтовен тип

Веднаш ќе го препознаете по необичниот дом, мебелот и деталите, како и неочекуваните решенија во просторот. Сака да експериментира, да собира разни ситници, посебно сувенири од патувањата, а потоа да ги вклопува во целина која само нему му е хармонична. Никогаш не ги следи трендовите во уредувањето, најмногу му одговара мешавина на стилови. Сака се што е необично, од материјали до метал, пластика, попрво хартија отколку дрво, а боите му се инспирација и затоа секогаш се енергични. Секое парче во домот на бунтовникот има своја приказна и привлекува погледи. Најмногу го инспирира уредувањето на купатилото, терасите и ходникот, токму затоа што повеќето луѓе им посветуваат помалку внимание од останатите простории во домот.

  VARMO камин на пелети

Романтичен тип

Романтичната душа, без разлика дали е маж или жена, најмногу внимание во домот посветува на спалната соба, кујната и купатилото, бидејќи овде најмногу престојува. Тоа му се оази на мирот и затоа се карактеризираат со бројни ситници кои го потсетуваат на убавите моменти во минатото, љубовта и среќата. Жените почесто припаѓаат на овој тип отколку мажите, тие во уредувањето форсираат црвени или розови бои, срциња, цветни мотиви, разни декоративни предмети и нежни ткаенини. Мажот романтик ги чува старите грамофонски плочи, омиленото ќебе од детството и ситници кои го потсетуваат на бившата и сегашната љубов.

Модерен тип

Секогаш знае што е во тренд и домот го прилагодува на тоа, така што делува како излог од продавница за мебел. Се е во совршен ред со извесна доза на луксуз, сака минималистички стил. Од боите се ограничува на две, три нијанси со кои го опремува целиот простор и на тој начин прави хармонична целина. Најчесто, основата е бела, црна, сребрена и во деталите црвена боја, светло портокалова или виолетова. Не сака сувенири и декоративни ситници во домот, како ниту цветни дезени. Избира мебел со чисти линии од модерен материјал, штоф и вистинска или еко кожа. На прозорците нема завеси, но затоа има посебна инспирација за ѕидовите кои ги украсува со тапети, графити или полици.

Одговори на неколку прашања кои ќе ве натераат да купите Daikin клима уред

7 топ совети како да го освежите домот оваа пролет