in , , ,

7 Топ рецепти за месо на скара (видео)

Нај­теш­ки­от дел е изборот на месото. Тука многу може да ви помогнат про­да­ва­чи­те во месарниците.

Ка­ко да изберете месо

Нај­теш­ки­от дел е изборот на месото. Тука многу може да ви помогнат про­да­ва­чи­те во месарниците. Кажете дека планирате да правите скара, и тие ќе ви предложат какво месо да купите. Но ако не им верувате на ме­са­ри­те и сакате изборот да го направите сами, тогаш идеални за скара се: ќе­ба­пи­те, плескавици, колбасите, свинската кременадла, пилешките гради, но и ри­бата. Поскапа варијанта е телешки бифтек. Овој вид месо многу лесно се под­гот­ву­ва, бидејќи не бара и многу печење. Општо познато е дека добро згот­вен бифтек секогаш е полужив. Неговиот вкус може да се збогати ако го обвиткате со тенка лента од сланина.

Пилешко на скара

Ако се определите за пилешко месо, најдобро е тоа да е маринирано. Ма­ри­на­да­та, која се состои од масло, сол, лук, босилек, рузмарин и од црн пипер, мо­же­те да ја подготвите и сами, но планирајте дека месото во неа ќе треба да отстои неколку часа, а уште подобро цела ноќ. Вака подготвеното пи­леш­ко и по печењето останува сочно. Се пече на тивок оган и повремено се залева со малку масло.

Свинско на скара

Еден од можеби најдобрите избори за на скара е свинското месо. Кога ба­ра­те свинско за на скара, гледајте месото да е прошарано со бел дел. Бе­ли­от дел е чиста маснотија која ќе се растопи при печењето, и месото ќе го нап­ра­ви сочно, без да го маринирате притоа или да му додавате други за­чи­ни. Доволно е само да го посолите. При изборот на свинско за на скара не­ма да згрешите ако купите свински ребренца, врат или кременадла. Ако са­ка­те побогат вкус, тогаш и свинското, како и пилешкото месо, може да го ма­ри­ни­ра­те со лук, босилек, рузмарин, црн пипер и со сол.

  Проверете зошто пуканките се поздрави од овошјето и зеленчукот

Риба на скара

Иа­ко кај нас не е толку популарна подготовката на риба на скара, ова е мно­гу вкусна варијанта за лицата што сакаат да вкусат нешто ново. Се под­гот­ву­ва најлесно од сè друго, а најтешкиот дел е нејзиното чистење. От­ка­ко ќе ја исчистите (а може да побарате тоа да го сторат при купување во рибарница), рибата треба само да ја ставите на решетката. Ја печете од едната страна, сè додека не се одлепи сама. Потоа ја превртувате ри­ба­та од другата страна и ја повторувате постапката.

Колбаси на ловечки начин

За да ги испечете колбасите на ловечки начин, воопшто и не ви е потребна скара. Сè што ви треба се оган и долги тенки гранки кои со нож ќе ги нап­ра­ви­те шилести. На заострениот дел ќе ги набодете колбасите и неколку ми­ну­ти ќе ги печете на силен оган.

Ќе­ба­пи и плескавици

Ќе­ба­пчињата, плескавиците и колбасите најдобро е да ги купите веќе под­гот­ве­ни од месарница. Месарите ќебапите и плескавиците ги прават од смеса од неколку видови мелено месо. Тие ја знаат точната количина и, нај­чес­то се многу вкусни. Но ако сакате да вкусите нешто ново, тогаш ви пред­ла­га­ме неколку рецепти за подготовка на ќебапчиња и плескавици за на скара.

Ре­цепт за плескавици

1 кг јунешко месо
200 гра­ма свинско месо
20 гра­ма сол
100 гра­ма презла
100 ми­ли­лит­ри млака вода
ла­жич­ка сода бикарбона
ла­жич­ка зачин, црвен и црн пипер

Си­те состојки се ставаат во длабок сад и се замесуваат со рака, сè додека доб­ро не се соединат. Смесата се остава да отстои еден час. Во ме­ѓув­ре­ме, целофан и најлон се премачкуваат со масло. Од смесата се прават топ­чи­ња. Топчињата се редат на целофанот и се покриваат со најлонот. По­тоа со тенџере се притискаат, сè додека не се добие дебелина од 1 сан­ти­мет­ар. Вака подготвените плескавици се печат на загреана скара.

Ре­цепт за ќебапи

500 гра­ма јунешка плешка
500 гра­ма говедски врат
100 гра­ма пафлак
20 гра­ма сол

Це­ло­то месо се сечка на коцки од околу 5 сантиметри, се посолува и се остава да отстои во фрижидер најмалку 5 часа. Потоа сè крупно се ме­ле, повторно се меша, и се враќа во фрижидер уште 12 часа. Откако ќе от­стои, уште еднаш се меле, но поситно. Од сомелената смеса се формираат ќе­ба­пи­те, кои се печат на скара која тлее.
Ис­та­та смеса може да се искористи и за правење плескавици. Но пред да се обликуваат, во неа се додаваат ситно сечкан кромид, буковец и црн пипер. Мо­же дури и да се стави многу ситно исечкана зелена пиперка.

  Како да ја победите болката во грбот и вратот

Маринираното месо не е канцерогено

Нај­до­бар начин да се спречи настанување на канцерогени состојки во ме­со­то е тоа да се маринира. Со помош на маринадата, која е составена од аро­ма­тич­ни билки, научно е докажано дека исчезнуваат хетероцикличните ами­ни, познати под кратенката (ХЦА). Овие штетни состојки може се раз­ви­ва­ат во месото како реакција на креатининот и аминокиселините, во мо­мен­тот кога тоа се изложува на висока температура при печење на скара. За­тоа при подготвување скара, не заборавајте ги ароматичните билки, па дури, ако треба, создадете маринада по ваш вкус.

Нема заминување од излет додека не се изгаси огнот

Про­тив­по­жар­ни­те бригади апелираат до излетниците да не си заминуваат од местото каде што правеле скара, сè додека стопроцентно не се уверат де­ка огнот е целосно изгасен. Гасењето може да се направи со зат­ру­пу­ва­ње на огништето со земја или со полевање со вода. Излетниците мора да би­дат внимателни, велат пожарникарите, бидејќи и најмало жарче мо­же да предизвика огромен пожар ако времето е ветровито. Исто така, по­себ­но треба да се внимава при изборот на местото каде што се пали огнот. Ска­ри не треба да се разгоруваат на места каде што стои забрана за па­ле­ње оган, длабоко во шума или на места каде што има сува трева и гран­ки.
Ма­ри­на­ди:

Уни­вер­зал­на маринада

Се мешаат сол со масло, ситно сечкан магдонос, лук, малку црн пипер и руз­ма­рин. Со оваа смеса се премачкува секое парче месо (кре­ме­над­ла, вешалица, раженичиња, бифтек, рамстек). Се остава да стои со маринадата час до два пред печењето.

Ма­ри­на­да со бело вино

На две чешниња ситно исечкан лук, се додаваат две чаши бело вино, половина ча­ша масло, 2 иситнети лаврови листа, мала лажичка кечап и малку црн пипер. Со оваа маринада треба да се премачка месото и да отстои барем два часа пред печењето.

  Како најбргу да се вратите во топ форма оваа пролет

Ма­ри­на­да за речна риба

По­ло­ви­на чаша масло се меша со сок од 1 лимон, малку зачин и магдонос и мајчина душичка. Рибата се прелева со маринадата и се остава да от­стои најмалку еден час пред печењето.

Се за вашата највкусна скара можете да купите на следниот линк.

Погледнете ги советите во видеото подолу

Извор : Вест

Како да ја подготвите најдобрата скара (видео)

Што да изберете стандарден клима уред VS. инвертер ?!?