Сите сме слушнале за разни диети со пуканки, но научниците тврдат дека: пуканките во некои ситуации можат да бидат дури и поздрави од зеленчукот и овошјето,бидејќи во себе содржат дури двојно повеќе антиоксиданти од која било порција овошје. Антиоксидантите ги држат молекулите на штетните клетки под контрола, а присутни се во свежото овошје и зеленчук.
Тимот на научници од Харвард тврди дека пуканките содржат повеќе антиоксиданти од овошјето и зеленчукот. Тие истакнуваат дека една порција пуканки има околу 300 мл антиоксиданти, што е речиси двојно повеќе од 160 мл, колку што содржи порција овошје.
Откриено е дека пуканките содржат многу антиоксиданти, бидејќи во себе имаат само четири отсто вода, додека во поедини видови овошје и зеленчук тој процент достигнува 90 отсто.
Исто така, откриено е дека во рскавата опна на пуканките се наоѓа најголемата доза на антиоксиданти и влакна.
Но научниците предупредуваат дека луѓето не смеат да ги заменат неопходните пет порции овошје и зеленчук во текот на денот со пуканките,
Пуканките ги содржат витамините Б1 или познат како тиамин, ниацин, Б 6 и фолати, витамините А, Е и К, железо, калиум,магнезиум, манган, фосфор, цинк и полифеноли кои содржат антиоксиданти кои се борат против ракот и кардиоваскуларните здравствени проблеми.