in , , , , ,

5 екстра причини да почнете да вежбате

Редовната физичка активност има преголем број на придобивки

Сите околу вас практикуваат некаква физичка активност, а вие сè уште не сте ни почнале? Редовната физичка активност има преголем број на придобивки кои треба да ви послужат како мотивација да се активирате. Во продолжение ви издвојуваме од нив.

1. Одржување на линијата

Основата на симнувањето на вишок килограми е комбинацијата на здрава храна и физичка активност за да побрзо ги добиете посакуваните резултати. Потребно е околу еден час дневно да посветите на вежбањето за да го почувствувате ефектот. Кардио вежбите се најефективни за трошење калории, но доколку сте почетник немојте да се форсирате. Постепено, со зголемување на интензитетот ќе стигнете до целта. Фитнес тренерите можат да ви направат режим на исхрана и воедно да ви дадат совети за видот и интензитетот на вежби.

Ако сте дел од оние луѓе кои немаат време за одење во фитнес центар, тогаш може да си вежбате дома, а опрема за вежбање да си купите онлајн.

Подлога за вежбање, пилатес топка, ремени за вежбање, црева со отпор, медицинска топка, спортска облека, шише за вода како и протеини можете да нарачате тука, со достава до вашата адреса.

2. Здравствени придобивки

Редовната физичка активност носи голем број здравствени придобивки. Помага против срцеви болести, го намалува ризикот од мозочни удари и го регулира крвниот притисок. Воедно, вежбањето ќе ви помогне да се справите со болките во грбот. Благодарение на зајакнувањето на мускулите и издржливоста, како и подобрувањето на ставот на телото, болките во грбот во најмала рака ќе успеете да ги ублажите.

Со оглед на тоа што голем број луѓе денес минуваат осум статични работни часа пред компјутер, физичката активност е неопходна за одржување на здравјето. Одличен производ кој ќе ве заштити од болките во грбот додека сте на работа е столицата со физиотопка, што можете да ја нарачате ТУКА. Ако на тоа додадете и редовна физичка активност, резултатот ќе биде одличен.

  Кои се бенефитите на хијалуронската киселина

Покрај сето ова, редовната физичка активност е моќно оружје против стресот и депресијата.

3. Зголемување на кругот на познанства

Една од добрите работи од вежбањето е што ќе запознаете нови луѓе. Зачленувањето во фитнес центар, теретана или некој спортски клуб ќе ви помогне да го проширите кругот на познанства. Тоа е одличен мотив да се активирате уште денес.

4. За подобро расположение

Имате исклучително стресен ден и сакате да се ослободите од целата негативна енергија? Погодивте, вежбањето е одличен начин за го постигнете тоа. Физичката активност, како што е една прошетка од половина час, помага да го подобрите расположението. Зошто е тоа така? При физичка активност се ослободува ендорфин, хормон кој го поттикнува доброто расположение. Всушност, вежбањето може да делува и превентивно. Вежбањето три пати неделно влијае врз намалување на ризикот од појава на депресија.

5. За повеќе енергија

Вежбањето ќе направи да се чувствувате и поенергично. Било која физичка активност која ја забрзува работата на срцето и го поттикнува лачењето на ендорфин ќе ви ја подигне енергијата. Која активност е најдобра за нешто вакво? Тука имате голема слобода – одберете си активност која вам ви е забавна, за да не се чувствувате како да морате да вежбате. Трчање, фудбал, кошарка, возење велосипед – изборот е голем. За дополнителен ефект можете да употребите нутриционистички додатоцинарачајте ги со достава до вашата адреса на овој линк.

Голем број производи за вежбање и спортска опрема, можете да разгледате  во нашиот маркет.

Не одложувајте – почнете со физичка активност уште денес!

Како да се натерате да почнете да вежбате?

Како да вежбате дома и заштедите на опрема