in , , ,

Како да ја подготвите најдобрата скара (видео)

Дружењето ќе биде мно­гу позабавно ако храната ја подготвите сами, и тоа на самото место кое сте го одбрале со пријателите за да го поминете пикникот

Самата помисла на 1 Мај и прво што ни паѓа на памет е да одиме на излет со при­ја­те­ли­те, да се дружиме и да распалиме скара. Дружењето ќе биде мно­гу позабавно ако храната ја подготвите сами, и тоа на самото место кое сте го одбрале со пријателите за да го поминете пикникот.

Се­зо­на­та за правење скара, традиционално, се отвора на Денот на трудот. Ви предлагаме како да го направите скара без многу мака и што сè треба да по­не­се­те за да уживате во секој миг од излетот во природа. Не очајувајте ако немате соодветна опрема за подготовка на скара и не изложувајте се на непотребни трошоци за да ја набавите. Добра замена за про­фе­си­о­нал­на­та скара може да биде и обична метална решетка или таканаречена грил тава, која за малку пари може да се купи во кој било поголем су­пер­мар­кет.

Што сè треба да понесете за подготовка на скара:

скара на која ќе се пече месото
– ме­со
– Мас­ло или сланина
– сол
– јаг­лен (може оган да се запали и од гранки кои ќе ги соберете во природа)
Специјална штип­ка или подолга виљушка, со која ќе го превртувате месото
– За­пал­ка или кибрит.

Рас­па­лу­ва­ње на скарата

Мно­гу е важно да расчистите дали скарата ќе ја правите на јаглен или на жар од дрво. Првата варијанта е многу полесна бидејќи јагленот само тре­ба да се запали и да се одржува огнот, а во вториот случај треба да се нај­де соодветно дрво или гранки кои ќе се запалат и од нив ќе се направи жар. Но запаметете дека скарата подготвена на дрво секогаш е многу пов­кус­на, бидејќи месото во себе ја прима аромата која се шири со со­го­ру­ва­ње­то на дрвото.
От­ка­ко ќе го распламтите огнот, следниот чекор е подготовката на ре­шет­ка­та на која ќе се пече месото. Решетката треба добро да се избрише, а по­тоа да се премачка со масло или со сланина. Искусните скараџии по­ве­ќе ја користат сланината, бидејќи при печењето таа му дава специфичен ми­рис на месото. Пред да се нареди месото, решетката треба да се постави на растојание од 10 сантиметри од изворот на топлина.

  Дијабетес - најчеста болест предизвикана од современиот начин на живот

Бр­зо или долго печење

Пос­то­јат два начина на печење на скарата – брз и долготраен. Првиот се пра­ви на многу висока температура, и месото се пече кратко, додека вто­ри­от на многу слаба топлина, а печењето може да трае со часови. Изборот е ваш. Ако сакате подолго да се занимавате со скарата, тогаш подобра ва­ри­јан­та е втората – долгото печење, бидејќи вака подготвеното месо е мно­гу повкусно. Но ако сакате времето да го потрошите на други активности во природа, тогаш изберете го брзиот начин.

Се за вашата највкусна скара можете да купите на следниот линк.

 

Погледнете ги советите на еден од најголемите гурмани на светот Anthony Bourdain

Извор : Вест

Како да ја победите болката во грбот и вратот

7 Топ рецепти за месо на скара (видео)