Додека не се направи значајна разлика во аерозагадувањето кај нас единствено што може ние сами да направиме е кога имаме можност да престојуваме на чист воздух.
Кога е многу загадено треба да се затвораат прозорците и да се користат прочистувачи на воздухот.
Кога излегуваме надвор, треба да носиме маски со филтри, кои ги има во продажба во аптеките и не е лошо во овој период да се земаат и антиоксиданси.
Какви се последиците по здравјето од вдишувањето загаден воздух?
Највулнерабилни се децата, повозрасните и пациентите со хронични заболувања. Аерозагадувањето е причина, особено ПМ честичките, за влошување на состојбата кај пациенти со хронични респираторни болести, како што се астма, пневмонија, хронична опструктивна белодробна болест, горно-респираторни инфекции, настинки, кардиолошки заболувања, кардио-пулмонални проблеми, инфаркт, кардиомиопатии…
Периодов истражувавме која е најефикасната маска која може секој од нас да ја направи. за истата не се потребни воопшто многу пари а сите делови за маската ни се при рака. Ваквата маска до 97.5 проценти го филтрира воздухот.