Во денешно време сите до еден политичари на просторите на бивша Југославија се радуваат како мали деца кога ќе успеат да донесат некој под-изведувач кој ќе успее да отвори мало погонче за правење делови од жмигавци за автомобил. Не збориме притоа за отварање или рестартирање фабрика за производство на автомобили.
Но верувале или не над 50 модели на автомобили од десетина најпознати марки се произведувале во поранешна Југославија.
Во поранешна Југославија се произведувало се’ и сешто, а тоа што скоро сите брендови на автомобили ги нема е знак на економско назадување, сакале да признаеме или не. Она што е сигурно е дека СФРЈ своевремено била индустриски гигант во автомобилската индустрија во светски размери.
Кога некој ќе ве праша за автомобил кој прв ви доаѓа на умот како симбол на поранешна Југославија, веројатно би кажале Yugo . Овој автомобил не успеа во Америка, но затоа беше еден од омилени на наше поднебје.
Југото не е единствениот автомобил на кој ќе се сетат постарите генерации. Zastava, Renault, Opel , Ostin, Citroen се само дел од автомобилите кои секојдневно можеа да се забележат на улиците на поранешна Југославија a излегуваа од домашните фабрики.
Ова ова е само дел од автомобили кои се произведуваа и возеа во поранешна Југославија:
1. Zastava
Zastava 750 беше популарен под името „Фичо“. Овој автомобил е легендарен симбол на Југославија кој започнал да се произведува во 1962-та година по лиценцата Fiat 600. Ова возило се употребувало во бројни државни служби, па било едно од главните возила на поранешните полиција, Авто Школите и авто клубовите, покрj Фиќото , се произведуваа познатиот тристаќ Zastava 1300 и 1500 , Стојадинот и Zastava 128.
Zastava 101, популарниот Стојадин започнала да се произведува од 1971-та година во компанијата Zastava во Крагуевац. Дизајнирана е на основа на моделот Fiat 600D. Истражувајки наидовме на реклами кога се спремала продажбата во Англија
Zastava 1300 и 1500 или Тристаќ, претставувале вистински статусен симбол и се произведувале во Крагуевац исто така
Yugo 45 започна да се произведува од 1981-та година во автомобилската компанија Zastava во Крагуевац.
Италијанската компанија Fiat го дизајнирала овој автомобил за Zastava, а нацртот е направен по шасијата на Fiat 127. Покрај југото во многу изведби излезе и Jugo Florida која се одбиде да му се спротистави на тогашниот Голф.
Сигурно некој од Zastava моделите пропуштивме но тука е и Abarth 1000 спортскиот модел.
Citroen 2CV, Спачек, Ајкула
Citroen 2CV или „Спачек“ е дизајн на Французинот Пјер-Жил Буланже кој се призведувал во словенската фабрика Tomos.
Но во словенската фабрика Tomos се произведувале уште 6 модели на Citroen, Ami , Break,GS и DS.
Renault 4 се произведувал од 1973-та до 1992-та година во фабриката IMV во Ново Место, Словенија која денес е во сопственот на Renault.
Овој автомобил често се среќавал на патиштата на Југославија, а сè на сè биле произведени 575.960 автомобили, покрај Renault 4, тука биле и моделите Renault 12
Renault 16,
Renault 18,
IMV мини бус
NSU Prinz од 1965-та година започнал да се произведува во сараевската фабрика Pretis.
Направени биле околу 15.000 автомобили.
Austin
Словенечката компанија IMV во 1967-та година започнала да го произведува овој автомобил и тоа трите модели
Morris 1100
Austin Maxi
VW Golf
VW Golf започнал да се произведува во TAS од 1976-та година,
Потоа следел и VW Golf 2
Популарната Буба во изведба 1300
Изведба 1200
Jetta
Caddy
Opel
Опел заапочнал да се произведува во 1977-та година во IDA – автомобилска компанија во Кикинда и то аво следниве модели
Opel Corsa A
Opel Kadett D
-
-
Opel Kadett E
-
Opel Kikinda (Opel Senator )
-
-
-
Opel Omega A
-
-
Opel Vectra A
Некој од постарите нека не ни замери доколку некој модел пропуштивме .
Возите сигурно