DAIKIN како лидер на пазарот за топлински пумпи, секогаш се обидувал да биде предводник и иноватор на инвертер технологијата. Во последниве две-три години ги разви и доусоврши сите клучни компоненети на своите производи , што резултираше со дизајнирање на нова серија на топлотна пумпа за домашна употреба. Daikin Altherma не е само топлотна пумпа, туку и врвно инженерско решение, со која сте покриени во сите сезони. Вие во исто време ја враќате инвестицијата, додека вашиот дом е совршеното место за живеење. Иновативен изглед, одлични функционалности и моќ да одржува идеална температура.
Видови на Daikin Altherma и решенија за вашиот дом.
Daikin Altherma топлинските пумпи од типот воздух –вода се поделени на нискотемпературни и високотемпературни топлински пумпи, а во зависност од тоа и пумпите се наменети за новоизградени или за реновирани објекти.
Разликата помеѓу високотемпературни и нискотемпературни топлински пумпи?
Ниската или високата температура се однесува за температурата на излезната вода која ја создава пумпата, а се пренесува до грејните тела во просторот.
Нискотемпертурните топлински пумпи главно се дизајнирани за системи на кои што не им е потребна температура на вода повисока од 45С, како што се конвектори на топлина или подното греење, додека високотемпературните топлински пумпи се дизајнирани за постари радијатори на кои што понекогаш им е потребна температура на вода до 70С.
Пресметки за масечни и сезонски трошоци со Daikin Altherma.
Предноста на Daikin Altherma е во тоа што е обновливо и енергетско ефикасно решение кое со сигурност до 70% ѓи намалува вашите месечни и годишни трошоци за греење и ладење, во споредба со други енергенти.
Во ICS Group, нашите нови клиенти често ни го поставува прашањето: “Kолку ќе бидат месечните и сезонските трошоци со топлинската пумпа на Daikin?”
Затоа, погледнете ја оваа табела со препорачани модели во зависност од квадратурата на домот, и нивните сезонски и месечни трошоци:
Note: Трошоците за дадените квадратури се предвидени и пресметани за куќи со добра изолација. Истите тие можат да бидат пониски доколку се работи за стан со добра изолација.
Зелен кредит за енергетско ефикасен дом.
Доколку се одлучите да инвестирате во топлинска пума на Daikin од ICS Group добивате 20% попуст и преку програмата GEFF, овозможена од Европска Банка, можете да вратите до 20% од вашата инвестиција.
Целта на оваа програма е да се подигне свеста за живот во здрава животна средина со користење на енергетско ефикасни системи, како ште се системите на Daikin, кој ѓи намалуваат CO2 емисиите.
За повеќе информации контактирајте го стучниот тим на ICS Group
Продажен салон – i-Showroom:
бул.Илинден бр.160/1, Карпош
Тел. (02) 30 84 465 / 076 / 344-728
e-mail: i-showroom@icsgroup.mk
Дирекција:
Ул. 164 бр.46а,1000 Скопје, МАКЕДОНИЈА
Тел: (02) 3109 949
e-mail: info@icsgroup.mk