in

Со Daikin Altherma топлинската пумпа намалете ја потрошувачката на електрична енергија за 60%

ПОСТАВУВАЊЕ НА DAIKIN ALTHERMA ТОПЛИНСКА ПУМПА ЗА ГРЕЕЊЕ ВО РЕЗИДЕНЦИЈАЛНА КУЌА ВО СКОПЈЕ

1. ПОДАТОЦИ ЗА ОБЈЕКТОТ

Намена: Резиденцијална куќа
Локација: Скопје
Површина на објектот: 100m2
Потреба на објектот: Греење
Состојба на изолација: 10cm стиропор, PVC прозорци, изолација на кров..


ПОСТОЕЧКИ СИСТЕМ ЗА ГРЕЕЊЕ НА ОБЈЕКТОТ

При комуникацијата со инвеститорот, добивме информации дека објектот се загрева со радијатори поврзани со електрично котле. Барањето на инвеститорот беше да се изработи решение кое ќе биде енергетски ефикасно, економично и функционално, а ќе го замени електричното котле, што е голем потрошувач на електрична енергија.


ПОТРЕБИ ЗА ГРЕЕЊЕ НА ОБЈЕКТОТ

При одредување на потребите за греење, беа земени податоците за количината и димензијата на постоечките радијаторски грејни тела во објектот. Според количината и димензијата на радијаторите, беше пресметано колку топлинска енергија можеме да обезбедиме со топлинската пумпа. Топлинската пумпа, во случај кога има радијаторски грејни тела, работи на температура на вода од 55/45ºС – нискотемпературно радијаторско греење. За да провериме дали внатрешните грејни тела се доволни за потребите за греење на објектот, направивме термички пресметки, според податоците за конструкцијата на објектот:

Согласно овие информации, беа направени пресметки за топлински загуби, кои укажуваат приближна вредност на реалните загуби према надворешната околина.

Согласно направените термички пресметки за топлински загуби на објектот, дојдовме до податок дека објектот има потреба од 7.2kW топлинска енергија, при надворешна проектна температура од -15˚С и внатрешна температура од 22˚С, или 72.8W/m2. Овој капацитет е потребен според пресметките за загуби на топлинска енергија преку надворешни ѕидови, надворешни прозори и фуги, подови и таван.


ИЗБОР НА DAIKIN ALTHERMA ТОПЛИНСКА ПУМПА

Според направените термички пресметки и потребата за греење на објектот, направивме избор на топлинска пумпа со номинален капацитет од 8kW. За овој објект беше избрана Altherma 3 топлинска пумпа, новата серија на топлински пумпи на DaikinТоплинската пумпа се карактеризира со:

  • висока енергетска ефикасност на греење и ладење, од А+++

  • работен опсег на греење од -25˚С до +35˚С

  • максимална температура на вода до 60˚С 

Топлинската пумпа е сплит верзија со фреонско поврзување помеѓу надворешна и внатрешна единица.

  • Модел на топлинска пумпа: EHBH08E6V + ERGA08DV


ПОТРОШУВАЧКА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

Главната причина за поставување на топлинска пумпа, и замена на стар неконвекционален котел за греење е потрошувачката на електрична енергија. Во симулаторот на Daikin беа внесени податоците добиени од пресметката за топлински загуби на објектот, каков е режимот на работа на системот, во кој предел се наоѓа (софтверот има датабаза на надворешни температури од последните неколку години). Беа внесени и актуелните цени за електрична енергија (висока и ниска тарифа), цени за пелети и нафта во август 2022.

Месечна потрошувачка на електрична енергија во сезона на греење, во ДЕНАРИ

Месечна потрошувачка на електрична енергија во сезона на греење, изразена во kWh


ИСПЛАТЛИВОСТ НА ИНВЕСТИЦИЈА, СПОРЕДБА НА ПОТРОШУВАЧКАТА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА СО DAIKIN ALTHERMA ТОПЛИНСКА ПУМПА, НАСПРОТИ ЕЛЕКТРИЧЕН КОТЕЛ, КОТЕЛ НА НАФТА И ПЕЛЕТИ

Согласно сегашните цени за електрична енергија, направена е симулација за пресметка на трошоците за електрична енергија, како и споредба со други системи за греење (котел на струја, нафта, пелети).

Потрошувачка на електрична енергија во денари

Емисија на COизразена во kg

Според направената пресметка, со постоечкиот извор на греење, потрошувачката за целата сезона е 65.602 денари, или за 38.307 денари повисока од потрошувачката на електрична енергија со топлинска пумпа. Во принцип потрошувачката на електрична енергија би се намалила за 60%.

ВРЕДНОСТ НА ИНВЕСТИЦИЈАТА

Исплатливоста на целиот систем, според овие цени на електрична енергија, би била во рок од 8 до 10 години.

Паксон – компанија no.1 за Daikin во Македонија за 2021 – рекордна продажба The Highest Turnover 2021

Со Daikin мулти-сплит системите од ИЦС ГРУП до мулти заштеда