Разликата е од клучно значење! Меѓутоа, додека ниско-енергетската диета се заснова на претерано низок внес на калории во нашиот организам, најчесто од 600 kcal до 1200 kcal, протеинската диета не го ограничува износот на храната што ја јадете. Поголемо внимание е посветено на правилен избор на храна.
Во многубројни студии се докажани резултати дека кога јадеме храна со низок процент на јаглехридрати/високо-протеинска храна, нашиот организам ќе се најде во ситуација кога е принуден да бара и употребува енергија од насобраните масни наслаги (акумулирани масни резерви- адипоцити). Тогаш започнува процесот на согорување и топење на мастите од нашето тело а со тоа телената тежина почнува да се намалува. Со компаративно клиничко истражување научниците докажале/откриле тренд на поголемо намалување на масни облоги при протеинска диета во споредба со ниско-енергетската диета.
Колку килограми неделно може да изгубите за време на интензивната, транзитивна и стабилизирана фаза на протеинската диета?
Треба да се земат во предвид неколку фактори; колку килограми сме потешки, пол, старост, ниво на физичка активност, максимална телесна тежина која некогаш сме ја имале…
Во принцип, просечен човек може неделно да изгуби 3 килограми во Интензивна фаза и 2 килограми во Транзитивна фаза. Намалување на тежината е можна и во Стабилизираната фаза на диетата, само што тие килограми ќе се намалуваат побавно, но затоа поздраво.
Колку долго можам да бидам на Интензивната и Транзитивната фаза?
Интензивната фаза се препорачува да се држи до 15 дена, а принципот на Транзитивната фаза е, за секој ден од Интензивната фаза се потребни 5 дена од Транзитивната фаза, пред да се премине во фазата на Стабилизација. Затоа, ако сте биле 3 дена во Интензивна фаза, мора да бидете 15 дена во Транзитивна фаза, пред да преминете во фазата на стабилизација.
Дали морам стриктно да се придржувам на ПРИМЕР МЕНИТО (ЈЕДИЛНИК) на Интензивната и Транзитивната фаза, за ручек да јадам вистинска храна, а сите останати оброци да ги надоместам со Life Nutrition производи?
Двете горенаведени менија треба да служат како водич/упатство, а не како правило. Ако во својата прехрана не сакате да имате толку Life Nutrition производи, тогаш можете за доручек, десерт или вечера да подготвите оброк од групата “100 дозволени јадења”.
Значењето на Life Nutrition производите во протеинската диета е контролираниот внес на индивидуалните хранливи материи, а со тоа и максимален ефект на слабеење (намалување на тежината). Во Транзитивната фаза се препорачува се повеќе и повеќе дневни оброци да бидат вистинска храна, со цел подобро да се подготви организмот за полесен премин во фазата на Стабилизација.
Дали може Life Nutrition протеинските производи да ги заменам со Life Nutrition заменските оброци?
Не! Составот на овие две групи производи е различен и прилагоден на секоја фаза од диетата.