in , ,

Како до повеќе работа и муштерии во Вашиот сервис

Добар алат – Мир во куќа

Постојат многу теории и практични совети како да ја средите вашата канцеларија, работна просторија , гаража или работилница.

Ние се држиме до Фенг шуи, не оти нешто сме ептен далдисани по источните филозофии, туку едноставно сметаме дака некои работи се многу  практични и применливи во секојдневието.

Ова не е блог со вирални совети од типот 7 работи кои ќе ви донесат многууу среќа и пари и доколку очекувавте такво четиво однапред да ви кажам дека ќе се разочарате.

Ќе се прашате што има фенг шуи со вашата работилница, сервис или гаража?

Одговорот е многу едноставен верувам дека секој од Вас веќе добро си го знае својот занает а и знаете колку се вични вашите колеги. Тоа е тоа, секој од Вас е мајстор на својот занает, но 102.5% сум сигурен дека на крајот на денот вашата работилница, сервис или гаража личи како да поминал мал ураган. И тоа не е толку голем проблем , колку што ќе ви се стемни утредента наутро кога треба да започнете со работа и пак ќе се соочите со овој мал хаос околу Вас.

Е тука настапува Фенг шуи преку  JBM Campllong или скратено JBM .

Се прашувате како?

Е па вака, среден, алат, значи среден работен простор, еднакво на помала опасност да се лизнете на некој клуч и да пцуете се по ред од најстаро до најмладо, и се Ви е на број вклучувајки го и алатот, не ве боли глава и немате чувство како да паднала бомба а утредента можете на раат да го пиете кафето со колегите и имате чувство како да сте во некој Lounge Бар а не во Хирошима а после секој да почне да си ја брка својата работа.

Што имаат заедничко Фенг Шуи и JBM Campllong, одговорот е  многу. JBM e шпанска фабрика за алат и се околу алат за вашите потреби која 20 години е партнер на многу мајстори како Вас. Алатот кој го произведува и сетовите кои ги нуди се со најдобар однос цена квалитет, или супер квалитет и доживотна гаранција при правилно користење и цена која дури и за македоски услови е повеќе од прифатлива.

Производната програма на JBM опфаќа сетови алат, рачен алат, каросериски алат, пневматски алати, импакт алати, хидрауличен алат специјален алат како и електричарски алат и повеќенаменски прибор. 

За да сето ова се оствари а Вашиот работен простор личи на аптека и муштериите се враќаат постојано кај Вас се погрижи Стиринг трејд кои ја донесоа целата палета на алати на овој реномиран бренд за алати за првпат кај нас.

Каталогот можете да го разгледате  тука а потоа и нешто си одберете по цени кои се пониски дури и од набавните во промотивниот период.

За да не кажете дека само млатам празна слама ќе кажам само дека  Стиринг трејд започнуваат со неверојатна промоција на Кабинет со рачен алат по неверојатен попуст од над 40% и кој откога ќе го пребието ДДВ-то ќе ве чини околу 500 евра а имате над 200 парчиња алат вклучено, наместо 800 евра.

Промотивно тука се и Заштитен сет за сервис на возило кој можете да си го купувате на парче а на е по 10 комада и професионалните светилки Мини портабл рачна светилка со 24 лед диоди на батерии и Лед светилка со магнет со времетраење на батеријата од неверојатни 8 часа.

  

Останува на Вас дали ќе изберете  да имате топ работна атмосфера и топ алат или да ви се стемни пред да ви се раздени од хаосот во Вашиот сервис.

За крај една поговорка од старите римјани Bonus Instrumenta, Pax in domus, или Добар алат, мир у куќа. 

 Чичко Штендер

ЕНОРМНО ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ ВО СКОПЈЕ : Еве како да се заштитите!

Светско а наше – Уметникот кој со своите дела и изуми му пркоси на загадувањето во Скопје