Додека половина од мажите веруваат дека скапоцениот автомобил ги прави пожелни во очите на спротивниот пол, жените главно не се импресионирани со мажите кои возат вакви автомобили, покажува најновото истражување спроведено во Велика Британија.
Досега се објавени бројни студии кои го доведуваат во прашање карактерот на сопственикот со автомобилот кој го вози. Иако ваквите истражувања обично ги откриваат предрасудите на испитаниците кон личностите кои поседуваат одредена марка на автомобил, резултатите секогаш се интересни и спротивни на очекувањата.
🚗 Најголем избор на опрема за Вашиот автомобил 🏁
Најновата студија спроведена во Велика Британија на примерок од 2.000 испитаници покажува дека погледите на мажите и жените кон сопствениците кои поседуваат одреден тип на автомобил се разликуваат. Така, на пример,48 отсто од мажите сметаат дека поседувањето на скапи, престижни модели на автомобили ги прават привлечни кај женскиот род.
Меѓутоа, 53 отсто од жените изјавиле дека скапи автомобили воопшто не ги импресионираат. Тие веруваат дека сопствениците на вакви автомобили се арогантни личности. Покрај тоа, 44 отсто од испитаничките ваквите мажи ги сметаат за себични и егоцентрични, додека 38 отсто од анкетираните жени веруваат дека ваквите мажи претставуваат опасност на патиштата.
Од друга страна, чувство на сигурност во возењето кај Британките, даваат мажите кои возат класични семејни лимузини, како што е Форд Мондео или Фолксваген Пасат.
Жените од Велика Британија особено убаво мислење имаат за сопствениците на „еколошки прифатливи“ автомобили. Тие веруваат дека сопствениците на вакви автомобили се совесни и интелигентни и дека се безбедни како возачи.
Дали сметате дека нечиј карактер може да се процени врз основа на тоа каков автомобил поседува таа личност?