in , , , , ,

Како да ја победите болката во грбот и вратот

Болките во грбот и вратот се многу честа појава во денешно време. Секојдневното седење пред компјутер, предизвикува искривувања на ‘рбетот и иако можеби во почетокот не чувствувате болки, подоцна доаѓаат и последиците.

Прекумерна тежина     

Прекумерната тежина е една од честите причини поради кои луѓето се соочуваат со овој тип на болка. Ова треба да ви послужи како дополнителна мотивација да ги симнете вишокот килограми. Посветете се на здравиот живот, односно внимавајте на храната и вежбајте. Тоа можете да го сторите и во вашиот дом, доволно е да си набавите пилатес топка и да ја користите често, практикувајќи вежби со кои се јакне мускулатурата и флексибилноста на телото.

Постојаното седење

Вашата работа подразбира да сте по осум часа дневно во седечка позиција. Тоа си има последици по здравјето и затоа не треба да ги игнорирате советите според кои повременото раздвижување е нешто што задолжително треба да го правите. Избегнувајте да седите во една иста положба со часови, барем на неколку моменти во денот нарушете ја таа лоша навика и раздвижете се низ канцеларијата.

Кога е потребно да се обратите на доктор?

Можеби сте дел од оние кај кои повремено се појавува болка во грбот и за кратко време исчезнува. Ниту еден здравствен проблем не смее да се игнорира, особено ако подолго време се соочувате со иста болка. Пробајте со вежби за грб и врат секојдневно во траење од 2 недели. Ако болката и понатаму ја чувствувате, тогаш обратете се на доктор.

Започнете уште веднаш со примена на барем дел од овие совети и со тек на време ќе забележите како болката се намалува или целосно исчезнува.

Видете ги вежбите за врат подоле во видеото:

  Заштитете го вашиот дом за време на летните одмори