in , , ,

Daikin Sensira FTXC/B -инвертер клима со мала потрошувачка на енергија и пријатен комфор

Новиот модел на SENSIRA FTXC-B на Daikin, претставува економично и најдобро решение за греење и ладење на секој дом. Таа овозможува здрава и удобна домашна средина и комфор , чист и свеж воздух, како и оптимална температура во текот на целата година. SENSIRA FTXC-B е една од поновите модели во палетата на клима уреди на DAIKIN од Bluevolution серијата и го користи еколошкиот фреон R-32.

Sensira FTXC-B нуди висока енергетска ефикасност, а физички е доволно мала и компактна , за да се монтира и над врата.Достапни капацитети од 2.0kw-7.1kW, со што на потршувачите им се овозможува да го изберат вистинскиот капацитет за просторијата за која е наменета

Висока ефективност

Напредната инвертер технологија на Sensira FTXC-B овозможува пониски сметки за електрична енергија, благодарение и на енергетската класа до A++,како и оптимална енергетска ефикасност дури и при високи температури.

Изглед погоден за секоја средина

Елегантниот изглед на новата внатрешна единица на Sensira FTXC-B има модерен дизајн кој непречено се вклопува во секој ентериер.

Загарантиран комфор и квалитет на воздухот во затворени простории

Моќниот систем за двојна филтрација на воздухот целосно го чисти воздухот за да создаде поздрава средина. Клима уредот има катехин – мрежен филтер и деодорирачки филтер со нано премаз од титан – апатит кои дополнително ги отстранува и неутрализираат штетните честици од разни вируси , бактерии, алергени и непријатни мириси. Со намалениот звучен притисок до 20 dBA, новата внатрешна единица на Sensira FTXC-B работи исклучиво тивко, речиси безшумно.

Секогаш под контрола

Покрај лесното користење на далечинскиот управувач, Sensira FTXC-B ,нуди и Wi-Fi контрола како опција, овозможувајќи пристап преку апликацијата за Online Controller на Daikin. Клиентот може да го следи клима уредот, да управува од далечина со режимите на работа и температурата, како и да ја намести предпрограмата до 6 работни часа во текот на денот во период од седум дена.

За повеќе совети околу Daikin инвертер климите, контактирајте не!

ИЦС ГРУП – Премиум партнер на Daikin за Македонија.
Бул.Илинден бр.160/1 Скопје
Тел.02 3084 465 / 076 344- 728 / i-showroom@icsgroup.mk
Web.icsgroup.mk

Зошто ви е потребна вентилација во затворен простор

ПРЕДНОСТИТЕ на DAIKIN МУЛТИ – СПЛИТ СИСТЕМОТ