in

Истраживме – Кој начин на греење е најевтин ?

Колку би чинело греењето на стан од 60м2, со различни видови на греењe…

Колку  би чинело греењето на  стан од 60м2, со различни видови на греењe, при моментални цени на енергенсите и пресметано за една грејна сезонa во траење од 6 месеци? За споредување на  еден систем на греење со друг, од исклучително значење е и објектите да бидат со приближно иста изолација и приближно ист квалитет на прозорци и врати. Добро изолираните простории ја зголемуваат искористеноста на топлинската енергија дури за 30%. Ова секако е од големо значење кога на крајот на месецот ќе ни пристигне  сметката за електрична енергија или пак кога правиме калкулации за потрошена струја, потрошени пари и загреан простор.

Грејната сезона официјално започна, а Скопјани ќе користат различни начини за затоплување на своите домови. Некои ќе го користат традиционалниот начин на затоплување – со огревно дрво, други кои набавиле котли ќе се греат со ќумур, трети со печки на брикети или пелети, некои пак ќе ги затоплуваат живеалиштата со електрична енергија, а оние граѓани кои се приклучени на централното греење ќе ги користат услугите на Балкан енерџи груп.

Да започнеме со ред.

Енергенс кој најмогу се користи за загревање на нашиве  простори е дрвото. До скоро  за големата негова  застапеност, секако најмногу  влијаеше  цената. Но годинава  работите како да се сменија. Граѓаните од ден на ден се’ потешко успеваат да обезедат дрва , а од ден на ден се зголемува и цената за еден кубик. Информациите велат дека тие секојдневно се менуваат и веќе достигнуваат и до 3.600 денари за кубен метар,без разлика дали станува збор за шумови или дабови дрва.  Инаку  кубик дрва во складиштата на Јавното претпријатие” Македонски шуми “ се продава по 2370 денари за бука и 2470 денари за даб, доколку се најде. Во приватните складишта цената достигнува и до 3000 денари за бука и 3600 денари за даб. На ова ако и се додаде и вредноста за транспорт од 200ден по м3 и доплнително  средства за  сечење , се   доаѓа и до цена од 3600 -3700ден/м3 , па и повеќе. Анализите покажуваат  дека едно  просечно македонско домаќинство годишно користи од три до 10 метри кубни огревно дрво за загревање или најчесто околу седум  метри кубни.

Тоа покажува дека за греење со огревно дрво на стан од 60м2, би требало да  се  одвои  од 12 до 20 илјади денари годишно.

Доколку, пак, се загреваат повеќе простории или домаќинството има сопствено парно греење на дрва, потрошувачката на огревно дрво  оди и повеќе.

  Daikin Sensira FTXC/B -инвертер клима со мала потрошувачка на енергија и пријатен комфор

Пелети и брикети

Со субвенциите што ги дава Град Скопје за купување на печки на пелети, одреден процент на граѓани се преориентираа затоплувањето на станбениот простор да го вршат со овој еколошки енергенс. Субвенцијата изнесува 70 отсто од вредноста на печката на пелети, но не повеќе од 30.000 денари. Мерката не ги опфаќа домаќинствата што имаат приклучок на градското централно греење.

За затоплување со пелети на еден станбен простор од 60 квадрати, се потребни околу два тони за што се потребни околу 27.000 денари.

Струјата  важи како скап енергенс, но голем дел од луѓето се греат на струја.  Истата  нуди голем комфор, нема чистење на печките, нема ложење, не се потребни посебни простории за складирање на огревниот материјал итн. Потрошувачите на струја можеме слободно да ги класифицираме  во три категории, според  употребата на грејните тела, а аналогно на тоа и месечните трошоци ќе бидат  различни. За загревање на  стан  од 60 м2    со помош на електрични уреди од типот на   греалки, калорифери, панели, електрични  котли на струја и тн. се очекува да се  потрошат околу 4.500-5.000. денари  месечно, а за цела грејна сезона  да се потрошат приближно  околу 30 000 денари.

Нешто пониски сметки за струја  би се очекувало ако домаќинствата  за греење на станот би користеле  термо печка. Трошоците за струја на годишно ниво би биле околу  20.000 денари, под услов исклучиво да се користи ефтината ноќна тарифа на струја. Секое дополнување на печката во текот на денот, со користење на  дневната тарифа  , значително ги зголемува овие  трошоци . Па така  секое дополнување  во  текот на денот,дури  само за  два часа ,  може да ги зголеми  трошоците за греење и за 40%, односно  на  28 000 денари за една грејна сезона .

  Daikin stylish новата серија на клима уреди bluevolution достапни и кај нас

greenje

 

Рационалното размислување  сѐ повеќе  ги тера граѓаните да одбираат греење со кое ќе  ги намалат своите трошоци, а при тоа да не  го скратат својот комфор и удобност. Таква можност овозможуваат инвертер клима уредите, заради што овој систем на загревање од година во година  се повеќе е застапен. Предност и главна одлика на греењето со клима инвертер е можноста  за потрошен 1kW струја , да се добијат оквирно 2 – 4 kw  топлотна енергија.Тоа  не беше случај со сите претходно спомнати уреди за греење на струја, бидејќи тие   произведуваат онолку топлина колку што се троши и струја, односно 1 спрема 1.

Инвертер климите работат на  принципот на топлотни пумпи, овозможувајќи  поголема ефикасност, давајќи   повеќе  “ греење”од потрошената струја. Освен тоа ИНВЕРТЕР ТЕХНОЛОГИЈАТА  е направена така што  работата на компресорот се прилагодува на постигнатата температура-како се постигнува бараната вредност, потрошувачката и бројот на обртаи се намалува, при тоа  постигнувајќи се поголема заштеда. Месечните трошоци со вакво решение се очекува  бидат околу 2.000-2.500 денари.

Можноста за греење на централно парно греење  имаат само  жителите во Скопје. Но повеќето корисници се едногласни дека овој вид греење полека станува луксуз и покрај минималното пефтинување од 0,19  и 0,86 % направено од 31.07.2015 год. Така со последните цени , за затоплување на стан од 60 м2, месечно сметките  би се движеле од 2.200-2.500 денари за граѓаните што се согласиле да плаќаат во текот на целата година

Тоа значи дека за 12 месеци, овие лица за греење плаќаат вкупно  околу 26.000-30.000 денари.

 

Греењето на нафта се уште  е најскапо и за овој енергенс сметавме дека е излишно да правиме пресметки затоа што домаќинствата тоа одамна го разбраа и се помалку го користат овој енергенс како средство за загревање на домовите.

  Одговори на неколку прашања кои ќе ве натераат да купите Daikin клима уред

ИДНИНАТА НА ГРЕЕЊЕ СО DAIKIN!

Совети како да ви доаѓа помала сметка оваа зима ако се греете на струја