Самата помисла на 1 Мај и прво што ни паѓа на памет е да одиме на излет со пријателите, да се дружиме и да распалиме скара. Дружењето ќе биде многу позабавно ако храната ја подготвите сами, и тоа на самото место кое сте го одбрале со пријателите за да го поминете пикникот.
Сезоната за правење скара, традиционално, се отвора на Денот на трудот. Ви предлагаме како да го направите скара без многу мака и што сè треба да понесете за да уживате во секој миг од излетот во природа. Не очајувајте ако немате соодветна опрема за подготовка на скара и не изложувајте се на непотребни трошоци за да ја набавите. Добра замена за професионалната скара може да биде и обична метална решетка или таканаречена грил тава, која за малку пари може да се купи во кој било поголем супермаркет.
Што сè треба да понесете за подготовка на скара:
– скара на која ќе се пече месото
– месо
– Масло или сланина
– сол
– јаглен (може оган да се запали и од гранки кои ќе ги соберете во природа)
– Специјална штипка или подолга виљушка, со која ќе го превртувате месото
– Запалка или кибрит.
Распалување на скарата
Многу е важно да расчистите дали скарата ќе ја правите на јаглен или на жар од дрво. Првата варијанта е многу полесна бидејќи јагленот само треба да се запали и да се одржува огнот, а во вториот случај треба да се најде соодветно дрво или гранки кои ќе се запалат и од нив ќе се направи жар. Но запаметете дека скарата подготвена на дрво секогаш е многу повкусна, бидејќи месото во себе ја прима аромата која се шири со согорувањето на дрвото.
Откако ќе го распламтите огнот, следниот чекор е подготовката на решетката на која ќе се пече месото. Решетката треба добро да се избрише, а потоа да се премачка со масло или со сланина. Искусните скараџии повеќе ја користат сланината, бидејќи при печењето таа му дава специфичен мирис на месото. Пред да се нареди месото, решетката треба да се постави на растојание од 10 сантиметри од изворот на топлина.
Брзо или долго печење
Постојат два начина на печење на скарата – брз и долготраен. Првиот се прави на многу висока температура, и месото се пече кратко, додека вториот на многу слаба топлина, а печењето може да трае со часови. Изборот е ваш. Ако сакате подолго да се занимавате со скарата, тогаш подобра варијанта е втората – долгото печење, бидејќи вака подготвеното месо е многу повкусно. Но ако сакате времето да го потрошите на други активности во природа, тогаш изберете го брзиот начин.
Се за вашата највкусна скара можете да купите на следниот линк.
Погледнете ги советите на еден од најголемите гурмани на светот Anthony Bourdain
Извор : Вест