Клима уредот мора да биде исклучен и утикачот исклучен од струја пред да се почне со процесот на одржување.
Предсезонски операции
- Проверете дали има било какви материјали кои го блокираат влезниот или излезниот отвор на надворешната или внатрешната единица
- Проверете дали постољето е кородирано
- Проверете дали уредот е правилно заземјен.
- Проверете дали филтерот за возух е чист
- Приклучете го уредот во струја
- Ставете батерии во далечинското
Забелешка:
Доколку филтер мрежата е блокирана со прашина или нечистотија, операциите на ладење и греење ќе бидат загрозени, ќе се појави бука и зголемена потрошувачка на енергија. Поради тоа неопходно е правилно да се чисти и одржува филтер мрежата
Операции за време на сезона
- Извадете ја филтер мрежата од уредот
* Внимателно притиснете го најнискиот крај од решетката и отворете.
* Внимателно повлечете го филтер мрежата и извадете ја кон себе
- Ако мрежата е многу нечиста, Исчистете ја филтер мрежата
Користете млака вода (до 30°C)
Забелешка:
* Не користите врела вода за чистење на мрежата
* Не ја изложувајте мрежата на оган
* Не користете премногу сила при вадење или затегање на мрежата
- Инсталација на филтер мрежата. Работа на климата без филтер мрежата ќе предизвика валкање на внатрешноста на уредот што може да доведе до намалување на учинокот или оштетување на уредот.Чистење на клима уредот
* Користете мека и сува ткаенина за бришење на клима уредот или правосмукалка за прашината
* Ако климата е многу валкана, на парче ткаенина ставете неутрален детергент за домашна употреба.