in ,

Daikin stylish новата серија на клима уреди bluevolution достапни и кај нас

Од април 2018, Daikin Stylish, новата серија на клима уреди е достапнa и во Паксон, во Македонија!

Stylish – стил, технологија и компактни димензии, во еден производ.

Со повеќе од 90 години искуство во климатизација, Daikin го комбинира најдоброто од дизајн и технологија за да Ви помогне да постигнете Совршена клима во Вашиот дом. За да ги задоволи барањата на пазарот, Daikin е горда да ја презентира новата програма на високоѕидниот модел т.н Stylish (Стилски, стајлиш) со еколошки фреон R32.

Зошто да изберете Daikin Stylish?

Daikin Stylish клима уредот ги поврзува извонредниот дизајн и технологија, за да испорача тотално климатско решение за секој ентериер. Освен традиционалните бели и сребрени бои, Stylish може да ја изберете и со т.н црна-дрво боја (blackwood). Со само 189mm, Stylish е најтенката единица на пазарот во дизајнерскиот сегмент за високоѕидни единици и корисни иновативни функции, за да го постигне најдоброто – комфор, енергетска ефикасност, сигурност и контрола.

 

Наградуван дизајн

 

Инспириран од неговите претходници, Даикин Емура (Daikin Emura) и Уруру Сарара (Ururu Sarara), Daikin Stylish ја доби наградата за добар дизајн (Good Design Award 2017), за своите функционалности и иновативен изглед. Оваа награда, исто така, ја препознава Stylish серијата за постигнување на нови стандарди за комфорт (удобност) и енергетска ефикасност во HVAC-R индустријата.

 

Coanda Air Flow – ефект на проток на воздух

Овој ефект го оптимизира протокот на воздух за подобра дистрибуција на температурата низ целата просторија, во зависност од тоа дали има потреба од греење или ладење. Кога е во режим на греење, клима уредот го насочува воздухот надолу, кога е во режим на ладење, клима уредот – го насочува протокот на воздух нагоре.

  ПРЕДНОСТИТЕ на DAIKIN МУЛТИ - СПЛИТ СИСТЕМОТ

 

Онлајн контрола (WiFi контролер)

 

Може да управувате со Sylish со помош на вашиот паметен телефон со WiFi контролер. Едноставно поврзете се со Wi-Fi и преземете ја апликацијата Daikin Online Controller (достапна бесплатна апликација на Android, iPhone) за да започнете со создавање на совршена клима во Вашиот дом.

 

Контрола на влажноста во просторијата – сензор за влажност

Stylish (стилска) серијата на клима уреди, користи различни подесувања за автоматско прилагодување на вентилаторот и компресорот за да се создаде рамнотежа меѓу температурата и влажноста во просторијата.

 

Grid Air Sensor – мрежен сензор

 

Stylish користи мрежен сензор – за детекција на температурата по целата површина во просторијата за да создаде поудобна клима. Откако ќе ја утврди моменталната температура во просторијата, мрежниот сензор го распределува воздухот рамномерно низ просторијата, пред да го насочи топлиот или ладниот воздух во областите каде има потреба.

 

Сплит и мулти сплит верзија

Daikin Stylish FTXA-AW (бела)

Daikin Stylish FTXA-AS (сребрена)

Daikin Stylish FTXA-AT (blackwood)

 

Новата гама на производи Stylish се достапни во сплит и во мулти сплит варијанта, во пет капацитети ( 20, 25, 35, 42, 50). Во multi верзија има и големина од 15, совршен капацитет за мали простории (спални соби).

 

Енергетска класа (енергетска ефикасност)

Stylish серијата на Даикин се карактеризира со најдобра енергетска ефикасност А+++ и за греење и за ладење, до капацитет 3,5 KW. Со сезонски перформанси за ладење 8,75 (SEER), и 5,15 (SCOP) за греење.

 

Свеж, чист воздух со Daikin Stylish

Stylish го обезбедува најдобриот квалитет на воздухот во внатрешноста со помош на Daikin Flash Streamer технологијата. Овој систем ги отстранува штетните органски честички ( бактерии, вируси, алергени, миризби), за да овозможи здрав воздух во внатрешноста.

 

Тивко работење

Stylish користи ново дизајниран вентилатор за оптимизирање на протокот на воздух за поголема енергетска ефикасност при ниски нивоа на звук. Eдиницата работи така тивко, само 19dBA, речиси ќе заборавите дека е таму.

 

Погледнете детални информации и карактеристики за Daikin Stylish серијата во каталогот.

Го претставуваме WINIX HR1000 нова генерација на паметни прочистувачи

Знаете ли зошто е потребно редовно чистење на вашиот клима уред?