Производите пелети, во еколошки и во техпички поглед, претставуваат најприфатливо, најефикасно и најсовремено решение за греење. Kaj грејните тела за кои се користат пелети како гориво, сите процеси на работа се автоматски (палење, согорување, гаснење) и се регулираат со помош на современа електроника што е вградена во производот.
На овој начин се овозможува висок степен на искористеност, согорувањето е целосно, се одржува константна температура, со што загубите на енергија се минимални. На грејното тело се наоѓа дисплеј преку кој се внесуваат саканите параметри и се следи целиот процес на функционирање на грејното тело. Програмирањето на работата на грејното гело се врши на неделнто ниво (времето на палење, на гаснење, температурата на просторијата).
Пелетите автоматски се извлекуваат од резервоарот со помош на работата на моторот со редуктор и со полжавестиот транспортер и се доведуваат до ложилницата што се наоѓа во комората за согорување. Пелетите се палат со воздухот што е загреан и вжештен преку грејач. Таквиот воздух се внесува во ложилницата со вентилатор што во исто време принудно ги исфрла димните гасови низ цевките за дим и низ оџакот во атмосферата. Овој вентилатор го вшмукува воздухот од просторијата (во која мора да постои отвор за вентилација) низ цевка эа вшмукување на воздухот. Работата на вентилаторот е бесшумна.
Основни предности на греењето со пелети се:
- Автоматски систем што овозможува целосен комфор во управувањето и во одржувањето.
- Високата ефикасност овозможува заштеда на енергија и избегнување да се загадува животната средина.
- Ниска емисија на штетни гасови и минимално количество пепел со оглед на карактеристикипе на горивото и високата искористеност во целиот систем.
- Едноставен транспорт и складирање на горивото.