in

Корисни прашања и совети поврзани со користење на пелетите

Кога станува збор за користење на пелетите како извор на енергија, уште на почетокот напоменуваме дека сите пелети не се произведуваат исто. Популарноста на пелетите и нивната употреба, наметна низа прашања на кои е потребно да се одговори. Токму поради таа причина ние во продолжение наведуваме некои од нив и се надеваме дека преку нив ќе ги добиете потребните информации.

Прашање: Што е она што ги прави пелетите добри како гориво?
Одговор: Најважното прашање кое треба да се постави на продавачот, дали составот на пелетот е од чисто дрво, дали содржи кора, листови или пак картонски производи. Сите квалитетни пелети произведуваат големо количество на топлина, а оставаат минимално количество пепел, искористувајќи го до максимум капацитетот на котелот или пак каминот.

Прашање: Како може да се препознае квалитетен пелет?
Одговор: Најлесниот начин да се провери квалитетот на пелетот е да се помириса. Едноставно наполнете ја дланката со пелет и помирисајте го. Она што треба да го помирисате е пријатен мирис на чисто дрво. Доколку забележите други чудни мириси, бидете сигурни дека во составот на тој пелет освен дрво има и други примеси.
Бидете Внимателни?! Поголемиот дел од производители и продавачи на пелет продаваат пелети во чиј состав има хартија, лепак, мастило итн, при тоа нивната цена е пониска за разлика од другите производители. Вака изработените пелети имаат карактеристичен мирис.

Прашање: Пелети од тврдо пресувани дрва или пелети од лесно пресувани дрва? Што е подобро?
Одговор: Повеќето луѓе сметаат дека пелетите од тврдо пресуваните дрва се далеку подобри, што не е вистина, кога се работи за пелети.
Првото и најважно нешто што треба да се запомни е дека Вие купувате пелети на тежина, а не по нивниот волумен. Тврдо пресуваните пелети тежат од 2 до три пати повеќе, во споредба со лесно пресуваните пелети. Како и да е еден тон тврдо пресувани пелети е исто што и еден тон лесно пресувани пелети.

  Зошто КЕРО треба е прав избор за греење на пелети?

Прашање: Која е калориската моќ на пелетите?

Одговор: Генерално моќноста на пелетот изнесува 4,9 kWh на килограм пелет, но на пазарот се наоѓаат и пелети чија што моќ е поголема. Пред да набавите поголема количина на пелети, убаво разгледајте ги сите карактеристики на пелетот.

Прашање: Дали на пелетите им е потребно голем простор за складирање?
Одговор: За складирање на годишна набавка на пелети во принцип ќе Ви бидат потребни 5-6м3 простор. И она што е најважно, просторот каде треба пелетите да бидат сместени треба да биде сув.

VARMO камин на пелети

ИДНИНАТА НА ГРЕЕЊЕ СО DAIKIN!