in , , , , , ,

НАЈДОБРАТА ХРАНА ШТО ТРЕБА ДА ЈА ЈАДЕТЕ ПРЕД И ПО ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ!

Но, дали некогаш сте се запрашале кои се најдобрите видови храна и што треба да јадете пред да излезете на трчање или што да јадете по напорниот тренинг?

Без разлика на тоа дали сте страстен вежбач или се занимавате со спорт одвреме на време, веројатно знаете дека вежбањето треба да биде придружено со соодветна исхрана. Но, дали некогаш сте се запрашале кои се најдобрите видови храна и што треба да јадете пред да излезете на трчање или што да јадете по напорниот тренинг? Одговорите на овие и уште поврзани прашања ќе ги најдете подолу.

Пред вежбањето се препорачува внесување на јаглехидрати, со цел да не се чувствувате гладни во текот на вежбањето и да се одржи нивото на шеќер во крвта, што е многу важно за постигнување врвен ефект. Вашиот оброк пред тренингот е од огромна важност за успешен тренинг. Овој оброк треба да ви обезбеди доволно енергија за да дадете 100% од себе за време на вежбањето. Оброкот пред тренинг треба да содржи бавно разложувачки јаглехидрати (производи од цели зрна и кафеави житарки) и помала количина на протеини и масти. Оброкот треба да биде урамнотежен и богат со макронутриенти.
Одлични извори на јаглехидрати се: кафеав ориз, компири, тестенини, слатки компири, овес. Јаглехидратите се најважниот аспект на оброкот. Енергијата која се ослободува бавно во телото обезбедува доволно количество на сила за времетраење на тренингот. Затоа, задолжително пред тренинг изедете 30 – 60 г јаглехидрати од споменатите извори. Покрај правилната исхрана доколку сакате да имате повеќе енергија и да постигнете подобри резултати препорачуваме:

 ЕНЕР ПЛУС ИНСТАНТ – ЕНЕРГИЈА И ЗДРАВЈЕ ВО КЕСИЧКА!

Содржи мед и матичен млеч кои се две природни состојки со енергетски ефект и сок од црна рибизла, богат со шеќери и антоцијани, кој ја подобрува визуелната функција. Добиен од свежо овошје со посебен процес на екстракција, при која се задржуваат сите фитокомплекси во целост. Дополнително содржи три формулации создадени од сок од Аронија и Урма, никулци од ориз, мед и матичен млеч. Аронијата ја поттикнува циркулацијата, ја прочистува крвта, ја ублажува главоболката и мигрената, го намалува крвниот притисок, поволно делува на желудникот и цревата, ја спречува дијареата, го покачува имунитетот на организмот, спречува развој на вирусни и бактериски инфекции.

КОЈА ХРАНА ТРЕБА ДА ЈА ИЗБЕГНУВАМЕ ПРЕД ВЕЖБАЊЕ?

Избегнувајте големи количества на протеини и високо масна храна. Пред вежбање не јадете производи како што се – јајца и сланина, бургери и пржени компирчиња. Овој тип на производи може да предизика проблем со шеќерот во крвта, а ова ќе се одрази на квалитетот и ефектот од вежбањето.

KОЈА ХРАНА Е НАЈДОБРА ПО ВЕЖБАЊЕ?

Надоместувањето течности е најважното нешто по вежбањето. Постигнување рамнотежа и изедначување на нивото на вода кое сте го изгубиле по вежбањето може да се постигне со пиење вода во текот на вежбањето со тоа што ќе пиете по околу 300мл течност на секој 15-20 минути. Хидратацијата по вежбањето е подеднакво важна, како и дополнувањето на течностите со хранливи материи, што би било најдобар избор. Ова може да се постигне со пиење природни овошни сокови ( со висок процент на јаглехидрати, витамини, минерали/ електролити). Овошјата како грозјето, јаболката како и спортските напитоци се исто така одличен избор.
Оброкот после тренингот е последната фаза во правилната фитнес и спортска исхрана. Исто како и оброкот пред тренингот и овој треба да биде избалансиран и да се состои од: протеини, јаглехидрати и здрави маснотии. Идеален извор на протеини се риба, мисиркино, пилешко или чисто црвено месо. Комбинирајте ги овие протеини со салата од зелени листови, авокадо, семиња и маслиново масло. Препорачуваме за време на тренинг:

Енер плус Реинтегра

Заштитете го вашиот организам од дехидратација и обезбедете му ја потребната поддршка за време на тренинг и физичка активност. Формула за брзо надополнување на загубените минерални соли и комплетно регенерирање на организмот при дехидратација… Содржи: Магнезиум (Mg), Калиум (K), Натриум (Na), Хлор (Cl), Витамин Ц со антиоксидативни својства кои даваат чувство на вистинска добросостојба.

Ви подаруваме час најдобра музика за вежбање, уживајте: 

  Како да се натерате да почнете да вежбате?

[Elite_video_player id=”3″]

Јунска акција на DAIKIN клима уред со инвертер технологија

BLACK UP Уживајте под сонцето…