in , ,

Кои населби се најатрактивни за купување на стан во Скопје

Апсолутен лидер во изградбата на нови станови е Општина Аеродром

Купувањето на нов стан е една од најзначајните одлуки во животот, но дали сте се запрашале кои се основните карактеристики на еден просечен стан во Скопје? Средната големина на становите, бројот на собите, атрактивноста на локациите за градење, вредноста на станбениот квадрат и предностите на населбата во која се наоѓа станот се некои од најзначајните податоци кои можат да ви помогнат при купувањето на нов дом од соништата во македонската метропола.

Во поглед на големината на становите, инвеститорите во недвижности во изминативе пет години биле насочени првенствено кон изградба на двособни и трисобни станови. Просечната површина на еден македонски стан во 2015 година изнесувала 82,9 метри квадратни. На национално ниво, новите станови изградени од деловни субјекти се простирале во просек на 59,9 метри квадратни. Станбениот простор во главниот град не заостанува, па за очекување е дека највисока вредност за метар квадратен во главниот град ќе имаат токму оние станови со две или три соби.

 

Без разлика дали е во прашање изградба на куќа или купување на стан, вложувањето во нови недвижности од овој вид е сконцентрирано во Скопскиот регион. Бројот на завршени станови само во текот на 2015 година изнесувал 2.840 станови, со вкупна површина од 184.407 метри квадратни. Ланската понуда и побарувачка на станбени површини во македонската метропола покажува идентични резултати. Апсолутен лидер во изградбата на нови станови е Општина Аеродром.

Лани во Општина Аеродром биле изградени дури 1.051 стан. Голем број луѓе го сакаат живеењето во овој дел на Скопје поради тоа што грото од населбите се плански градени по земјотресот. Урамнотежената распределба на зеленило, паркинзи за автомобили и станбени згради ја издигнуваат оваа општина високо на листата на атрактивност. Близината и бројноста на градинките, училиштата, спортските терени и трговските центри им овозможуваат на жителите да ги задоволат своите секојдневни потреби. Пристапот до централното градско подрачје е решен со бројни автобуски линии, а на територијата на Општина Аеродром се наоѓа и Транспортниот центар-Скопје.

  Зошто топлотните пумпи се технологија на иднината за ладење и греење

 

Втори на листата на атрактивност се становите во Општина Карпош. Статистичарите во 2015 година регистрирале изградба на 383 нови станови, со површина од 26.548 метри квадратни. Граѓаните покажуваат интерес за живеење таму најмногу поради мирната и спокојна средина која сепак е блиску до централното градско подрачје. Вреди да се спомене близината на Градскиот парк и бесплатниот јавен паркинг на територијата на целата општина. Веднаш по земјотресот од 1963 година, во населбите од Општина Карпош плански се издигнати образовни и спортски објекти, заедно со театар, кино сала и трговски центри. Сите автобуски линии што транзитираат во правец исток-запад минуваат токму низ населбите од оваа општина.

 

Ако се вреднуваат становите во главниот град според нивната цена, тогаш центарот останува и понатаму најпривлечна за живеење. Завршувањето на обврските во најкус можен рок е возможно единствено ако живеете во срцето на градот. На купувачите на станови центарот им е привлечен поради продавниците коишто работат 24/7, но и огромниот број на кафе-барови, ноќни клубови и ресторани за излегување во вечерните часови. Купувањето на ново живеалиште во централното градско подрачје овозможува лесна достапност до културно-уметнички содржини во текот на неделата, но и сигурен закуп со добра заработувачка на самиот стан во текот на наредните децении.

Агенцијата за катастар на недвижности во својот Регистар на цени пресметала дека метар квадратен станбен простор во Општина Центар чинел 58.861 денар. Тоа е воедно и највисоката цена на ниво на Скопје и истата се однесува за периодот од 18 март до 31 август 2015 година. За оние коишто можат да си дозволат луксуз во своето живеење, вредно е да се спомене информацијата дека населбата Водно и во текот на минатата година била местото во Скопје во која становите имале највисока вредност.

  Како да внесете дел од природата во домот и создадете своја градина

AСтанови со подостапни цени, а сепак блиску до центарот, има во Општина Кисела Вода. Просечната цена на живеалиште во периодот март-август 2015 година во овој дел на Скопје изнесувала 45.290 денари по квадрат, ако се земат предвид информациите од Агенцијата за катастар на недвижности. Една од најзначајните предности на живеењето во Општина Кисела Вода е лоцираноста на населбите во подножјето на Водно, која им овозможува на жителите посвеж воздух во споредба со грото други населби кои гравитираат околу центарот на градот.

Купувачите многу често се одлучуваат да го изберат својот нов дом во Општина Кисела Вода и од неколку други причини: бројот на градинки, основни и средни училишта е на солидно ниво, додека околината на станбените згради привлекува со мир и тишина. И конечно, Министерството за внатрешни работи (МВР) во својата евиденција за 2015 година ги води населбите Драчево и Кисела Вода како посигурни делови на Скопје, со најмалку тешки кражби. Високото ниво на безбедност ја прават оваа скопска општина примамлива за купувачите на нови станови.
На самиот крај, не смее да се заборави дека изборот на идно живеалиште во Скопје е прашање на вашите лични барања. Пред да се впуштите во потрага низ градот, на вас останува да си одговорите на прашањето дали под прозорецот од станот очекувате да има кафе-бар, дрвја или игралиште за деца. Вреди да се запамети дека обезбедувањето на животен простор е долгорочна инвестиција, за која е неопходно да се земат во предвид бројни информации. Се надеваме дека нашата весела математика со актуелни бројки за становите во метрополата ви помогна при изборот на живеалиште во кое ќе бидете задоволни и среќни од направената селекција.

Богата понуда на недвижности од најразличен тип и за сечиј вкус, можете да погледнете ТУКА.

  Дали знаеш што е R32 ладилен флуид за твојот климатизер?

Кои се бенефитите на хијалуронската киселина

Како да се справите со загадениот воздух,нездравата исхрана и стресот