,

Градење и изведба на базени: Водич за почетници

Разгледајте ги главните опции и одлучете што може да си дозволите со вашиот буџет

За многумина од нас, да се сместиме покрај базен на топол ден е луксуз резервиран за летни одмори во странство, а не дома, но реалноста е дека не ви треба огромен буџет за да имате свој базен во комфорот на вашиот дом.

Новите истражувања покажуваат дека се повеќе се зголемува побарувачката за изведба на базени во домовите.

Висината на цената се сведува на стилот и изборот на материјали како и професионалноста при изведбата.

Постојат два типа на базени:

  • Отворени базени
  • Затворени базени

Во продолжение спецификации за нивна изведба.

Градење отворени базени

Надземните базени се прилично едноставни бидејќи не се вкопани во почвата, тие се лесни за поставување и отстранување. Сепак, покачената положба може да не им се допадне на оние што сакаат поприродна естетика во својата градина.

За изведба на подземни базени потребна е соодветна хидроизолација. Дополнителната тежина на базенот откако ќе се наполни, ќе треба да се земе предвид при дизајнирањето.

Постојат три главни избори во конструкцијата: тврд финиш со водоотпорна обвивка од армиран бетон; ПВЦ постава; и фибер стакло / керамичка обликувана школка, внимателно маневрирана на своето место.

Бетонските базени се популарен избор, а плочките (често во сина боја) се најчестата завршница. Без разлика дали ќе изберете керамика, порцелан, стакло или камен, тие доаѓаат во различни големини и бои за да создадат различни модели и естетика.

Изградба на затворен базен

Затворен базен ќе ви овозможи да пливате, да се рекреирате и уживате без разлика на временските услови. Во однос на материјалите, опциите се во голема мерка слични на оние што се користат при изведба на надворешни базени. Базенот од не’рѓосувачки челик може да биде супериорен избор за изведба на внатрешен базен бидејќи е полесен од бетонот. Да се има целата таа влага во ограничен простор, бара посебно внимание на одржување и вентилација, па затоа вреди да се вклучат вештините на специјалист за да се утврди што се ќе ви биде потребно за вашиот проект.

И за крај бонус: Одржување на водата во базените

Во однос на одржувањето на водата чиста, хлорот е најпознато решение, но постојат и алтернативи. Јонизацијата, ултравиолетовите и активните третмани со кислород стануваат сè попопуларни за помагање и надополнување на хлорот.

Целата понуда на базени може да ја видите тука.

„Детокс микс“ чајна мешавина која поволно дејствува за детоксикација на организмот

Градење и изведба на базени: Водич за почетници