Со инвестирање во соларен систем можете да придонесете за заштита од климатски промени и намалување на трошоците за електрична енергија. Притоа не откажувајќи се од удобноста во вашиот дом. Соларните сетови кои ви ги нуди Термо Систем се оценети како најдобри од многуте задоволни корисници.
Соларните сетови ви нудат значителна заштеда. Бесплатната енергија од Сонцето помага за задоволување на потребите за санитарна топла вода во вашиот дом.
Соларните сетови се користат за добивање на санитарна топла вода која може да се користи за секојдневна употреба. Секој поединечен соларен сет во себе содржи соларен колектор (рамен или вакуумски), емајлиран бојлер со два изменувачи и останати елементи од реномирани светски брендови кои се неопходни за да функционира системот.
Овие соларни сетови се сетови од затворен тип, што значи дека бојлерот се поставува во посебна просторија и се врзува со соларните колектори.
Искористите ги придобивките при поставување на соларните системи!
Во текот на летните и пролетните денови, каде соларните панели ги апсорбираат сончевите зраци, водата која ја загреваат е доволна за вршење на секојдневните обврски и задачи. Тоа значи дека во поголем број на месеци во годината, во домовите каде се користат соларните панели, нема потреба од користење на електрична енергија која дополнително би ја загревала водата
Согласно пресеметките од Mинистерството за економија на Република Македонија со користење на соларните системи aнализите покажуваат дека едно семејство со вграден сончев колектор може да заштеди дури 2.400 KWh електрична енергија на годишно ниво, односно околу 13.000 денари. Во зависност од цената на целокупната инвестиција, повраток на средствата е во период од околу 5 години.
Нов оглас за субвенции за сончеви колектори
И годинава ќе бидат доделени субвенции за сончеви колектори. Министерството за економија го објави јавниот оглас за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата за 2017 година. За повеќе информации побарајте на следниов линк: http://www.economy.gov.mk/doc/2125