in ,

Фотонапонски централи по принцип „КЛУЧ-НА-РАКА“

fotonaponski centrali фотонапонски централи

Фотонапонските централи или фотоволтаични централи претставуваат збир на поголем број на фотонапонски модули групирани во низи (редови) со цел производство на електрична енергија која преку соодветни уреди за трансформација се претвора во наизменична електрична енергија со потребна фреквенција и напон и како таква се предава во дистрибутивна мрежа.

За разлика од изолираните fotonaponski centrali фотонапонски централифотонапонски системи, кај централите нема потреба од акумулаторски батерии за складирање на произведената електрична енергија, туку истата веднаш се трансформира и предава во дистрибутивната мрежа.

Вообичаено ваквите централи се поставуваат на тло на специјални носечки конструкции, но има изведби и на кровни површина на објекти.

Фотонапонски централи (фарми)

Постојат повеќе видови на изведби кои во основа се разликуваат според оските на пратење на движењето на сонцето и тоа:

  • fotonaponski centrali Фотонапонски централификсно поставени панели (не се прати движењето на сонцето)
  • пратење на сонцето по 1 оска (сезонско подесување: пролет, есен, лето и зима)
  • пратење на сонцето по 1 оска (дневно, неделно, месечно, квартално позиционирање на наклонот на панелите во однос на аголот на зрачење на сонцето)
  • пратење на сонцето по 2 оски:
    • во реално време (т.н. suntracker systems)
    • според однапред дефинирана и зададена траекторија на движење на сонцето

Секоја од наведените изведби се карактеризира со одредени предности и недостатоци, кои главно се однесуваат на цената на чинење, сложеноста за изведба, количеството на произведена електрична енергија, трошоците за одржување, потребната површина за инсталација на панелите).

Компанијата Аресе Солушнс на нашиот пазар нуди комплетна услуга врзана за консалтинг, планирање и изведба и одржување на комплетни фотонапонски централи по принципот „клуч-на-рака“.

Што е потребно за да да создадете фотонапонска централа-фарма ?

Желба и можности, останатото е наша обврска!
Останатото е грижа на Аресе Солушнс. Целосната услуга опфаќа:
  • Консалтинг,
  • Студии за исплатливост,
  • Дизајн на решение,
  • Проектирање,
  • Подготовка на потребна документација,
  • Набавка и инсталација на опрема произведена во ЕУ
  • Одржување

Дознајте повеќе за производите на Аресе Солушнс.

MRRT kontroleri контролериfotonaponski centrali фотонапонски централиfotonaponski paneli sw 250 фотонапонски панели

Каде да купите и што треба да знаете околу инвертер климите

ОСТРОВСКИ ИЛИ АВТОНОМНИ (OFF-GRID) ФОТОНАПОНСКИ СИСТЕМИ

Островски или автономни (off-grid) фотонапонски системи