in

Зошто КЕРО треба е прав избор за греење на пелети?

Котлите на пелети се нашата иднина во поглед на греењето, особено што користат дрвена маса-најраспространета суровина како огрев на нашите простори. Со преработка на дрва се   добива пелети кои не се штетни за животната средина, пресуван огревен материјал во форма на мали цилиндри со дијаметар од 6mm.

Котелот на палети ви нуди далеку поголема удобност при греење, во споредба со класичните котли на цврсто гориво:

  • Нема потреба за чување на залихи на пелети за цела сезона, туку купувате по потреба во секое време од годината.
  • Минимална количина на пепел. На потрошени 3 тони пелети А1 класа на квалитет, ви останува 30 килограми пепел, што е неверојатно помалку и затоа е полесно за складирање и чистење.
  • Далеку помал простор за складирање – ако сепак сакате да купите палети за целата грејна сезона, ќе ви биде потребна само 3.6m² површина за 3 тони пелети.
  • Исти трошок во експлоатацијата – на самиот почеток котелот  на палети е  поскап од класичниот котел, но со таа  разлика во цената купувате неспоредливо поголем комфорт
  • Имате повеќе  слободно  време  –  со  лесно  полнење  на  котлите  и  едноставно програмирање и одржување, ќе имате многу помали обврски за греење.

 

Карактеристики и предности на KEPO котлите на пелети

Kepo котлите на пелети се изработени со многу внимание и искуство, со врвен квалитет на изработка, со одлична завршна обработка и многу нови технички детали, кои ќе ви овозможат подобар комфорт во експлоатација. Зголемен степен на искористување на енергијата,практичен  и брз  сервис  на котлите,добра  изолација  на    вратата,  капак  за изменувачите на топлина и водениот дел на котелот,многу едноставно чистење на комплетните топлински изменувачи во внатрешноста на котелот, со еден потег на раката,голем волумен на резервоарот за пелети,голем резервоар за пелети со можност за доградба на дополнителен резервоар за пелети,квалитетен гориник со добро согорување,автоматско чистење на горилник (само кај модели од серијата AC),квалитетна и елегантна завршна боја,брава и врата на котелот која се подесува,со поодесување на грејач за потпалување на пелетите,масивена и посигурена хранилка за вметнување на пелети,WiFi конекција за далечинско управување (опционално вградување),дополнителен резервоар за пелети BigTank, со капацитет од 225кг (опционално вградување).

  Корисни прашања и совети поврзани со користење на пелетите

 

Висок степен на енергетска ефикасност

Кепo котлитe се одликуваат со висок степен на искористување на енергија од 91%. За овие резултати се заслужни конструкционите решенија за котли, добро согорување и одлична изолација.Во зависност од зададените параметри, Kepo котлите функционираат целосно автоматски, што значи дека можете да програмирате 7-дневен режим на работа: кога да се запалат, кога да се изгасат и која температура да одржуваат во зададениот период.Покрај вградната автоматика на котлите, можете да инсталирате и собен термостат кој дополнително го зголемува комфорот при експлоатација и штеди на потрошувачката на пелети.

 

Современа технологија на изработка

Ги следиме најновите светски трендови и се трудиме да го зголемиме нивото на квалитетот на нашите производи со примена на иновации во областа на греењето.Сакаме да им обезбедиме на нашите купувачи современ производ кој одговара на нивните потреби за греење, со максимален комфор и рационално трошење на пелети.Опремата за производство на Кепо котлите е најсовремена во светот на металната индустрија – од CNC машина за сечење и обликување на лимот, до најновите апарати за заварување. Покрај CE сертификатот кој го потврдува квалитетот на производите, во производството е имплементиран ISO 9001 стандардот, со што целиот процес на производство е заокружен.Кепо котлите се целосно домашен производ, додека придружните електрични компоненти се внесуваат од Италија, Швајцарија и Велика Британија.

 

WiFi уред и функции

WiFi модулот се користи за безжична комуникација на корисниците со котелот, преку андроид апликација и WiFi конекција. Потребно е само   корисникот во својот станбен простор да има WiFi рутер и да користи некој од Андроид мобилните телефони.Поврзувањето на модулите е многу едноставно и се поврзува директно на електрониката на котелот. Насоките за инсталирање и поврзување на корисничкиот WiFi рутер со модул за безжична конекција се наоѓаат во Упатството за употреба и користење кое корисникот добива со уредот.По поврзувањето на модулот на котлите, потребно е, од Google Play Store, на мобилниот телефон да ја “симнете” апликацијата “KEPO“.

  Зошто да се греете на пелети?

Со оваа апликација корисникот има можност да управува со следните функции на котлите:

  • палење и гасење на котелот
  • подесување на моќноста (сила) на работата на котлите 1-5
  • проверка на сите потенцијални аларми на котелот
  • проверка на  моменталниот  статус  на  котлите,  т.е.  режимот  на  работа  во  кој моментално се наоѓа (ВКЛУЧЕНО / ИСКЛУЧЕНО, моментална температура на водата)

За  сите  дополнителни  информации  за  производот  можете  да  се  обратите  до техничката служба на фирмата ЈОКИ.

Зошто да се греете на пелети?

Проверете зошто пуканките се поздрави од овошјето и зеленчукот