Системот за ладење на iDM користи студ од изворот на топлина за да го олади резервоарот за ладење на баферот.
Можно е пасивно ладење (без топлинска пумпа) и активно ладење (со топлинска пумпа). За iDM системот за ладење не е потребна топлинска пумпа за реверзен процес. Кругот за ладење се изведува на страната на изворот на топлина на топлинската пумпа. Притоа можно е пасивно или активно ладење со топлинската пумпа. Отпадната топлина може да се користи за топла вода за домаќинството или да се пренасочи во почвата.
Пасивно ладење
Просторот за живеење се одржува удобно ладен, дури и во летните топли денови, при минимални трошоци. Температурата на земјата се искористува директно во подната или ѕидната инсталација за греење. Не е потребно дополнително да се инвестира во системи за ладење.
Во кругот за подземна вода се инсталира плочест топлински изменувач и преку трокрак вентил секонтролира минималната температура на ладење. Со собен сензор се регулира активирањето на пумпата во кругот за греење.