in ,

Дали знаевте дека бројот на грабежи се зголемува за време на годишните одмори?

Дали знаевте дека според статистичките податоци, на секои 13 секунди има по една кражба?

Според статистичките податоци, околу 74% од натрапниците се пробиваат низ влезна врата. Околу 43% од натрапниците се пробиваат со разбивање на брава, додека помалку од 15% провалуваат со кршење стакло/прозорец.

Летото е период на одмори, уживање и релаксација. Но, пред да започнете со планови за каде на одмор, размислете и за безбедноста на Вашиот дом по заминувањето. Празните домови се одлична мета за провалување. Затоа реагирајте веднаш и обезбедете го домот со сигурносна врата и сеф за Вашите предмети и хартии од вредност.

Денес на пазарот се нудат голем број безбедносни производи, но не сите го нудат истиот квалитет. Биросеф произведува по европски стандарди, и нуди производи со висок степен на сигурност и заштита за гарантирана спокојност не само додека сте на летен одмор но, и во текот на целата година.

Бидете внимателни за какви СЕФОВИ и ВРАТИ ќе се одлучите

Kога станува збор за сигурноста на Вашите пари, документи, предмети од вредност, дома и во канцеларија, нормално е да се прашувате што да одберете за правилно чување.

Како за потрошените пари, да ја добиете вистинската заштита и сигурност?

Дали знаете какви сертификати треба да побарате кога купувате сигурносна опрема од ваков тип?

На пазарот има голем број производители на сигурносна опрема, меѓутоа не сите го нудат истиот квалитет и ниво на заштита.

Во Европа, ECB • S е заштитна ознака на European Security Systems Association (ESSA) која е акредитирана сертификациска институција во согласност со EN 45011 за производи од областа на сигурносна опрема.

Сертифицираните безбедносни производи се означени со сина ознака за сертификација на ECB • S. Тоа значи дека производот е тестиран според европските стандарди. Тестот за секој производ е базиран на автентична и реална симулација, на пр. симулација на кражба или пожар. Резултатот од тестот доведува до квалификација на производот, и е проследен со тековни ревизии во производните погони, кои се неопходни за одржување на еднаков квалитет.

Со тоа, ECB • S сертифицираните сигурносни производи гарантират квалитет на производот.
Европските стандарди за сигурност, по кои треба да бидат произведени сигурносните врати и сефови, за да го задоволат соодветниот степен на сигурност се:

  • EN 1627 за Сигурносни врати и
  • EN 1143-1 за Сефови, каси и трезори.

Сите овие информации, како и многу други корисни совети за сигурносната опрема можете да ги најдете на веб страната на ECB • S Germany (www.ecb-s.com).

Како да препознаете квалитетен производ?

Секој продукт произведен по овие стандарди задолжително мора да има посебна ознака – плочка од ECB • S, како потврда за квалитетот кој се нуди. Производите без соодветни ознаки, се продукти со сомнителен квалитет и не гарантираат сигурност на чуваните предмети и добра.

Во 2009 година BIROSAFE стана членка на “ESSA – European Security Systems Association, Frankfurt / Main” и оттогаш има тестирано и се има здобиено со многубројни сертификати за сигурност.

Повеќе информации во врска со нашите производи можете да најдете на веб страната (www.birosafe.com).

Контактирајте не веднаш и дозволете да го пронајдеме безбедносното решение кое најдобро одговара за Вас.

podgotvetese-za-soncanje-dna-anni-farm

Почнува сезоната на сончање

Carbamid млеко за тело mleko za telo

Млеко за тело Carbamid