Од својот зачеток, Corian®, во светот на дизајнот и архитектурата, се покажа како совршен медиум за иновации. Добропознат преку својата приспособливост, преку разновидноста на шарите и боите, преку неговата издржливост и чистота, Corian® ги пресретна барањата на модерното живеење.
Денес, Corian® е голем извор на инспирација за водечките архитекти и дизајнери во целиот свет, а неговата корист ги пресретнува барањата на најпребирливите клиенти во јавниот и приватниот сектор.
Што е CORIAN Solid Surface?
Dupont Corian Solid Surface е цврст, непорозен и хомоген материјал, чиј состав содржи околу 1/3 акрилна смола (позната како полиметил метакрил или PMMA), и околу 2/3 природни минерали. Овие минерали се сочинети од алуминиум трихидрат (АТН) кој е производ добиен од боксит, руда од која се црпи алуминиум.
На следниов лин може да ги видите CORIAN Solid Surface
За што се употребуваат CORIAN плочите и места на примена?
Dupont Corian е композитен производ со напредни особини кој се употребува како материјал во мноштво архитектонски и ентериерни решенија, како во домашните така и во јавните средини. Coriаn нуди разноврсност при дизајнирањето, функционалност и издржливост. Се обработува со конвенционални алати и машини во столаријата и може да се обликува во било која форма. Најчесто се употребува како работна површина, ѕидна облога и мијалник во кујните, во купатилата како лавабо или ѕидни облоги во туш кабините, а покрај домашниот сектор наоѓа голема примена и повеќе јавни сектори, како здравството, банките, ХОРЕКА, бутиците и друго.
Кои се особините на CORIAN Solid Surface?
Од неговото претставување во 1967 година, Dupont Corian се докажа како издржлив материјал со разноврсна примена во домашните и во јавните средини. Сепак перформансите на овој материјал може да зависат од дебелината на плочите, дизајнот и финишот на површината.
Боите и шарите преминуваат преку целата површина и дебелина на материјалот и не можат да излитат. Споевите помеѓу плочите може да се залепат и да бидат скоро невидливи, што овозможува неограничена големина на површината.
Површината на Dupont Corian може да се обнови со употреба на стандардни ниско-абразивни средства за чистење.
Површината на Corian е непорозна со мазен изглед. Со правилно одржување материјалот спречува појава на мувла и бактерии.
Површината на Corian е нетоксична и не создава алергии кај луѓето.
Во случај на оган, Corian ослободува јаглеродни оксиди и чадот кој се создава е блед и не содржи токсични гасови.
Плочите Dupont Corian може да термоформираат (да се обликуваат со помош на висока температура) во дрвени или метални калапи на контролирани температури со цел да се постигнат различни 2D и 3D дизајни.
Полу-провидноста на материјалот е исклучително изразена кај светлите бои, но и кај потенките плочи. Поради ова, многу дизајнери ја користат оваа особина да направат разни осветлувачки ефекти и расветни панели/ѕидови.
Насоки за одржување на CORIAN Solid Surface плочите
Секојдневно одржување на Corian
За секојдневно чистење, употребете сапунеста вода или секојдневни средства за чистење на површини. Отстранете го вишокот на детергент од површината со мека крпа, измијте ја површината со топла вода, а потоа пребршете ја со сува мека крпа. Доколку е потребно употребете микрофибер крпа и истријте ја површината со средство за чистење врз база на амоњак, потоа измијте со вода. Оваа процедура ќе ги отстрани повеќето нечистотија и флеки од површината или мијалниците.
Секогаш чистете правејќи кружни движења, од напред до позади, а потоа и странично, водејќи сметка движењата да се преклопуваат се додека целата површина не е помината. Не употребувајте абразивни или ниско-абразивни чистачи врз високо сјајните или темните површини.
Ве предупредуваме дека можна е појава на бигор доколу капките вода се остават да се исушат на површината. За да се спречи ова, многу е важно после секое миење или излевање површината целосно да се пребрише со чиста микрофибер крпа. Некои бои бараат почесто чистење со цел да се задржи изгледот на финишот.
Како кај сите материјали, и на површината на Corian, со дневна употреба и правилна грижа и одржување, со време може да се појават абразивни флеки. За разлика од посветлите бои, кај темните бои полесно ќе бидат видливи овие гребнатинки, флеки и излитувања од дневна употреба. Ова не треба да Ве загрижува бидејќи може повторно да го вратите оригиналниот изглед на површината. Потребно е да ангажирате квалифицирано лице кое повторно ќе ја врати првичниот изглед на површината.
Специјална грижа за тврдоглави дамки
Некои тврдоглави дамки бараат потешко чистење. Следете ги препораките опишани долу ефективна да го отстраните овие дамки од површината и мијалниците на Corian.
Оцет, кафе, чај, лимонов сок, сок од зеленчук, вештачки бои, кечап, изгореници од цигари, паста за кондури, мастило, маркет, јод, крв, црвено вино, парфем: Употребете навлажнета микрофибер крпа и ниско-абразивно средство за чистење (освен на високо сјајни или темни површини)
Мрсни флеки: Употребете микро фибер крпа и истријте ја флеката со разредено белило. Измијте неколку пати со топла вода и исушете со мека крпа. Напомена: белилата може да ја излитат бојата од површината на Corian доколку целосно не се отстранат со измивањето со вода.
Бигор, сапуница, минерали: Употребете микрофибер крпа и истријте ја флеката со стандарден отстранувач на бигор или оцет и оставете 2-4 минути. Потоа употребете втора, чиста микрофибер крпа со која ќе ја измиете површината со вода.
Лак за нокти: Употребете микрофибер крпа и истријте ја флеката со отстранувал на лак за нокти кој не содржи ацетон. Измијте неколку пати со топла вода, а потоа со мека крпа исушете ја површината. Доколку флеката сеуште е видлива, повторете ја процедурата, овојпат употребете многу ситна шмиргла. Доколку флеката сеуште е видлива, повторете ја процедурата. Во случај да не може да ја отстраните флеката повикајте квалифицирано лице за проценка.
Одржување на мијалниците
Отстранете ги мрсните флеки од површината на мијалникот со употреба на детергент или средство за чистење на површини. Доколку е потребно, употребете ниско-абразивна крпа за чистење или сунѓер во комбинација со ниско-абразивно средство за чистење. Направете водена мешавина која вклучува ¾ течно домашно белило и ¼ вода и со спреј нанесете ја врз површината на мијалникот и оставете ја неколку часа или прекуноќ. Времетео на изложување не треба да е повеќе од 16 часа. Потоа измијте го исчистете го мијалникот со влажна крпа. Со многу мал напор ќе имате прекрасно чист мијалник.
Дневно одржување на лавабоата, кадите, кабините за туширање изработени од Corian
Едноставно исчистете ја површината со сапунеста вода или било каков вообичаен детергент со цел да се отстранат повеќето дамки и нечистотија. Употребете детергент заедно со ниско-абразивна крпа или сунѓер. На овој начин ќе го одржите оригиналниот матиран финиш. Некои супстанци како мастило, козметика и лакови можат да ослободат боја врз површината после продолжен контакт. Ваквите дамки може лесно да се отстранат следејќи ги специјалните инструкции за тврдоглави дамки.
Мерки на претпазливост за CORIAN Solid Surface плочите
Како да спречите трајно оштетување
Следете ги овие насоки за да спречите трајно оштетување на површината на Corian или мијалниците.
Избегнувајте употреба на силни хемикалии на површината, како на пример, разредувачи на мрсни бои (нитро разредувач), средства за чистење на рерни, киселини, ацетон и друго. Доколку дојде до излевање на некои од хемикалии, веднаш измијте ја површината со вода додека целосно не се отстрани хемикалијата.
Не чистете со употреба на агресивни хемикалии како ацетон, средства за чистење на ререни, разредувачи, силни киселини или силни бази, или индустриски детергенти или разредувачи на мрсни бои. Доколку дојде до излевање на некои од хемикалии, веднаш измијте ја површината со вода додека целосно не се отстрани хемикалијата.
Не употребувајте шпакли за гребење, челични четки или други метални средства за отстранување на дамки, бои, лепила или други супстанци. Во случај на тешко оштетување повикајте квалифицирано лице да изврши проценка и, доколку е возможно, санирање на оштетувањето.
Спречување на оштетување од топлина и сечење
За да ја зашитите Вашата Corian плоча многу е важно да се намали директна изложеност на топлина. Секогаш употребувајте топлински заштитни подлоги, дрвени или жичани подлоги или оставете ги жешките садови врз рингите на шпоретот најпрво да се оладат. Никогаш не положувајте жешки садови директно на Corian плочите или мијалникот. Како и кај другите типови на мијалници, посипување на мијалникот со врела вода може да го оштети.
Никогаш не сечете диретно на површината, секогаш употребете дрвена или стаклена даска за сецкање.
Што е Corian Joint Adhesive лепилото?
Состав на лепилото
Corian Joint Adhesive е лепило на метакрилна база, не растекува и овозможува одлична врска за плочите Corian. Достапно е во полнење од 50mL и во различни бои координирани со боите на плочите Corian. Наменет е за брза врска помеѓу два материјала со ист состав. Не е наменет за врска помеѓу два различни материјали, освен во случај материјалите да се одобрено од DuPont.
Употреба и складирање на лепилото
Лепилата се оптимизирани за употреба на собна температура. Ниската температура ќе го продолжи времето и степенот на залепување, додека високата температура ќе го забрзаат времето и степенот на залепување.
За подолго времетраење, лепилото треба да се складира во добро провертена просторија, на темно. Препорачаната температура на складирање на лепилото е 5-23°С. Изложеноста на повисоки температури го намалуваат времетраењето на лепилото. Да не се складира во фрижидер.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Лепилото е запаливо. Да се чува настрана од топлина, искри, отворен огон и други извори на оган. Треба да се употребува само во добро проветрени простории.
На следниов линк може да ги видите сите производи на Солопром