in

Premi Slide 76 – за повеќе удобност во вашиот дом

PremiSlide 76 е иновативен лизгачки систем на прозорци и врати. Адекватен е за големи фасадни елементи што се составени од повеќе дела. Голема предност во однос на конвенционалните подвижни решенија е минимум просторот што го зазема кога се отворени елементите. Едноставен и ефикасен систем кој се истакнува со својата функционалност. Основата на PremiSlide 76 системот се заснова на водечкиот систем  на пазарот, систем 76 .

Невообичаена конструкција каде акцентот е ставен на затворањето и тивкото ракување. Кај стандардните изведби , при ударите на дожд , пропустливост на воздухот, звучна изолација и сето тоа споено со топлотните вредности од 1,4W (m2K), остварува врвни перформанси.

Главна карактеристика е иновативната лизгачка количка. PremiSlide 76 импресионира со леснотија во ракување, без никакви запнувања. Во целокупниот систем совршено се вклопува отворот за проветрување на просторијата , кој и покрај проветрувањето штити од упади.

PremiSlide 76, како и сите наши системи на прозорци и врати, има голем избор на декор-фолии. Типични се оние со декор на дрво, потоа следат УНИ боите или модерен металик изглед на профилот. Изберете ваша боја и  начин на отворање што ќе му одговара на вашиот објект.

DAIKIN Altherma Топлински пумпи

IDM системско ладење