in ,

5 совети како да го освежите мебелот дома, од дома

Направете план како најдобро да го искористите буџетот за реновирање

Пролетта секогаш носи нови идеи и желби за некоја промена во домот, без разлика дали се работи за дополнување на веќе постоечкиот изглед со некое парче мебел или целосно пролетно реновирање на некоја од собите.

Најпрво, размислете кој дел од вашиот дом сакате да го освежите со ново парче мебел или целосно да го реновирате. Доколку се работи за посериозно реновирање, како што е нова кујна, промена на ѕидните плочки во дел од собите или нов мебел во бањата ќе ви биде потребно малку повеќе планирање. Најдобро е пред да отидете на саемот, од дома да погледнете и побарате понуди онлајн преку MarketKonekt.com.

Потоа, направете листа на работите кои би сакале да ги набавите за вашиот дом. Тоа може да биде едноставно парче на кое што ќе се израдувате, како што е фотеља масажер или можеби целосно нова кујна.

Следно, размислете дали сакате да купите готово парче мебел, како на пример нова гарнитура или можеби самите да обновите некое старо парче мебел кое ќе го освежите и претапацирате. Дури и во случај да не се погрижите сами за реновирањето на мебелот во вашиот дом, со едноставни елементи, како на пример нови шибер врати на вашиот плакар или нови ѕидни тапети, можете да добиете голем ефект на промена во вашата спална соба.

Ако изборот е купување на нов мебел, следно што треба да решите е дали сакате мебел изработен по нарачка, како на пример кујна или плакари, или сепак ќе се одлучите за веќе готовите модели на кујни и плакари кои ги нудат компаниите.

  Разладете го домот со помали сметки

Понекогаш, промените кои ќе ги направите во вашиот дом не мора да бидат видливи на прв поглед или драстични, но сепак да ве направат да се чувствувате како да сте направиле пролетно реновирање. Па така, можете да се одлучите за едноставно додавање на практични извлечни полици во аголните елементи во вашата кујна, нови механизми за висечките елементи, промена на мијалникот или да додадете мали детали како модерен држач за вино.

За крај, размислете секогаш на оние кои најмногу се радуваат на новите работи во домот – децата. Тоа може да биде изработка на нова детска соба или ако имате доволно простор во вашиот дом или двор, одберете детски мебел како што се лизгалка, куќичка за деца или клацкалка, кои секојдневно ќе им носат насмевка на лицата на вашите најмили.

Онлајн понудата за мебел на македонските компании може да ја погледнете на едно место тука, и побрзо, полесно и поевтино да го уредите домот од дома.

Како до супер тело за на плажа

Најдобрата неделна тренинг програма за слабеење