in , , ,

Daikin прирачник за топлински пумпи – сè што треба да знаете

 

Топлинските пумпи многу брзо станаа најдоброто решение за греење, ладење и топла санитарна вода за секој тип на дом. Нивната флексибилност, ефикасност, брзиот поврат на инвестицијата и малото влијание на животната средина се само некои од причините зошто старите решенија за греење на дрва, пелети или електрична енергија треба да се заменат со топлински пумпи кои во идеален случај би се напојувале со електрична енергија од обновливи извори. 

Со зголемената проактивност на централната и локалната власт и создавањето на стратегии за намалување на емисиите на јаглерод диоксид и примена на долгорочни одржливи решенија, топлинските пумпи се наметнуваат како очигледно долгорочно и одржливо решение.

Принципот на работа на топлинските пумпи е релативно сложен, и за да ви помогнеме да се одлучите која опција е најдобра за вас, ќе одговориме на неколку важни прашања за топлинските пумпи.

Што е топлинска пумпа?

Името на овој систем е доста описно. Во суштина, тоа претставува пумпа за топлина која истата ја пренесува од еден медиум во друг.

Можеби знаете дека на истиот принцип на топлинска пумпа функционира и вашиот ладилник кој топлината од внатрешните комори ја „пумпа” кон надворешниот простор со што ја намалува топлината внатре.

Со помош на инвертер технологијата, овој процес на пренесување на топлина од еден простор во друг (со „пумпање”) може да биде реверзибилен, па така топлинските пумпи може да се користат за греење и ладење.

Како работат топлинските пумпи?

Најчесто топлинските пумпи се сочинуваат од надворешна и внатрешна единица. Надворешната единица ја користи топлинската енергија од надворешниот медиум (воздух, вода или земја) и ја пумпа кон внатрешната единица, која потоа ја пренесува на грејните тела во домот кои се поврзани на системот (радијатори, фенкојлери, подно греење или бојлер).

Токму така, овој систем може да се поврзе на постоечка инсталација со радијатори или подно греење, што ја олеснува одлуката да преминете од котел на струја или пелети на систем со топлинска пумпа.

Какви типови на топлински пумпи постојат?

Постојат неколку типови на топлински пумпи според медиумот од кој ја земаат и на кој ја предаваат топлинската енергија.

На пример, инвертер клима уредот всушност е топлинска пумпа воздух-воздух, односно црпи топлина од надворешниот воздух и ја предава на внатрешниот воздух. Во случај кога топлината се предава на вода која кружи низ радијатори или подно греење, тогаш тоа претставува топлинска пумпа воздух-вода.

Во зависност од објектот и индивидуалните потреби, повеќе типови на топлински пумпи може да бидат оптимално решение. Сепак, постојат неколку генерални случаи, и тоа:

За нов, енергетски ефикасен објект или за замена на котел на струја, најчесто се користат топлински пумпи воздух-вода, поврзани на подно греење и фенкојлери, со што се добива енергетски ефикасно греење и ладење и максимален комфорт.

За помали станови, наједноставно решение за греење и ладење се топлинските пумпи воздух-воздух (клима уреди).

За објекти кои имаат приклучок за природен гас, постојат хибридни топлински пумпи кои користат комбинација на енергија од надворешниот воздух, електрична енергија и гас во зависност од временските услови и цената на ел. Енергија и гасот, со што добивате максимална заштеда.

Дали топлинските пумпи ја шитат животната средина?

Топлинските пумпи се напојуваат во главно од обновлив извор на енергија. За секој киловат потрошена електрична енергија добивате 3-4 киловати топлинска енергија. Ова ги прави топлинските пумпи далеку поефикасни од било кој друг систем за греење и ладење.

Во идеален случај, доколку електричната енергија за напојување на топлинската пумпа се добива од фотонапонски панели, во тој случај 100% од енергијата за греење и ладење се добива од обновливи извори. Ова ги прави топлинските пумпи најекономично и најеколошко решение за греење и ладење на вашиот дом.

Дали топлинските пумпи се паметна инвестиција?

Краткиот одговор е – да, без оглед на повисоката почентна инвестиција во споредба со останатите системи на фосилни горива. Нема сомнеж дека одлуката за нов систем за греење е голема, но на долг рок ваквата инвестиција ќе ви овозможи помали сметки и поголем комфорт.

Доколку сакате да разговарате со експерт кој ќе ви помогне да ја донесете вистинската одлука, контактирајте не и ние ќе ви помогнеме.

 

 

КОЛКУ ЌЕ ЧИНИ ИНВЕСТИЦИЈА ВО ЦЕНТРАЛЕН СИСТЕМ ЗА ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ СО DAIKIN ALTHERMA 3 ТОПЛИНСКА ПУМПА?

„Алкалоид“ АД Скопје регистрираше ново друштво во Романија