Вардар е европски првак …. Во Келн заврши свечената церемонија на прогласување а големиот пехар на ЕХФ се најде заслужено во рацете на капитенот Стојанче Стоилов.
А знаеме ли како се калеше челикот за Европскиот шампионски пехар во буквална смисла на зборот.
Фамилијата Гахр од Австрија се едни од најголемите уметници на челикот и железото во светот.
Таткото и двата сина веќе 35 години традиционално ги изработуваат најневеројатните трофеи, скулптури и други разни форми од челик и железо.
Европскиот ракометен пехар е одобрен во 2010 . Претставува рака ракометар кој држи ракометна топка која пак асоцира на нашата планета.
истиот рачно се изработува а финалната изработка и претставување на јавноста се случи во Келн 2010 година пред преполна арена и публика од над 19.000 посетители.
Ова ремек дело на Гахр фамилијата е добитник на многу награди за дизајн.
Пехарот е изработен од месинг, бронза, corten челик (рѓосан челик) и од нерѓосувачки челик.
Самиот пехар тежи 10 килограми и има висина од вкупно 85 cm, за споредба тое е висина на една работна маса
или просечна должина на рака.
Погледнете како изгледаше тоа во 2010 година.