in , ,

Зошто топлотните пумпи се технологија на иднината за ладење и греење

Daikin Altherma топлотна пумпа

Европската унија од еколошки аспект, се обврза дека ќе има “централна улога “ во постигнување на ”нето – нула емисија на стакленички гасови” до 2050 година. Често се поставува прашањето: -Како ќе ce постигне тоа?

Одговорот е во инсталирањето на што поголем број на топлински пумпи.

DAIKIN како лидер на пазарот за топлински пумпи, секогаш се обидувал да биде предводник на ова поле, па како иноватор на инвертер технологијата и на еколошкиот фреон R-32, во последниве две-три години ги разви и доусоврши сите клучни компоненети на своите производи, што резултираше со дизајнирање на нова серија на топлотна пумпа за домашна употреба т.н. Daikin Altherma 3, со многу подобрена контрола и квалитет на карактеристиките.

ПРЕДНОСТИ на новата топлотна пумпа:

  • Daikin Altherma 3 е прва пумпа во Европа со R-32 еколошки фреон кој влијае во намалување на штетното влијание врз околината до 68%, во споредба со R-410A и дополнително ја намалува потрошувачката на енергија, благодарение на повисоката енергетска ефикасност што ја оддавa.
  • Сезонска ефикасност се вреднува до А+++
  • COP до 5,1 (7°C / 35°C)
  • Ефикасност на санитарна топла вода со COP до 3,3 (EN16147)
  • заштедата на енергија е меѓу 50% до 80%
  • Daikin Altherma 3 – е вистинско решение за да обезбеди истовремено ладење, греење и топла санитарна вода за новоизгрaдени резиденцијални објекти, како и за објекти што се реновираат.
  • Испорачува температури до 65°C,
  • новиот систем може да се поврзе со подно греење, радијатори и фенкојлери како предаватели на топлина во новоградбите, или да се искористат постојните радијаторите и инсталација кај реновираните објекти.
  • Надворешната хидро-сплит единица на Daikin Altherma 3 – може да се поврзе со различни типови на внатрешни единици:
  1. високо-ѕидна варјанта или
  2. парапетна единица со интегриран бојлер за санитарна топла вода.
  • Обезбедува греење дури и во најстудени зими до t =  -28°C.
  • Мал простор за инсталирање од приближно ~ 0,37м2 и исклучително безшумни и тивки во својата работа.
  • Краток временски рок на монтажа, без потреба од копање и други земјени работи
  • Јапонска технологија , Европско производство
  • 36 месеци гаранција
  • Одлични перформанси потврдени со ЕУРОВЕНТ СЕРТИФИКАT

Daikin Altherma топлотна пумпа

Исто така, Daikin Altherma 3 доаѓа со вграден комуникациски интерфејс т.н. MMI – (Man to Machine Interface), опремен со Daikin интуитивно око, а за својот модерен дизајн – стримлајн профил во сива или бела боја е добитник на две светски престижни награди: Reddot Product и IF Design Award во 2018 год. Таквиот дизајн, ја прави оваа пумпа ненаметлива и идеална за да се вклопи во секој ентериер. Ова е комплетирано со впечатливиот изглед на MADOKA контролерот, што исто така е добитник на награди за дизајн, достапен во бела, сребрена и црна боја .

Daikin Altherma топлотна пумпа

Инвестирајте во технологии со високи перформанси. Набавете Daikin Altherma топлотна пумпа и добијте грант од 15-20% од GEFF програмата.

ПОВЕЛЕТЕ ВО ПРОДАЖНИТЕ МЕСТА НА ИЦС ГРУП – Premium Partner на DAIKIN за МАКЕДОНИЈА или побарајте понуда на info@icsgroup.mk.

РАУ-ФИПРО ИКС

Нова архитектонска слобода со прозорскиот профил ГЕНЕО, изработен од висококвалитетниот материјал РАУ-ФИПРО ИКС

Пронајдете го DAIKIN мулти сплит решението за вашиот дом