in

Нова архитектонска слобода со прозорскиот профил ГЕНЕО, изработен од висококвалитетниот материјал РАУ-ФИПРО ИКС

Поголем, подобар, постабилен

РАУ-ФИПРО ИКС

Поголем, подобар, постабилен:

Со прозорскиот профил ГЕНЕО, изработен од висококвалитетниот материјал РАУ-ФИПРО ИКС, РЕХАУ овозможува нова архитектонска слобода.

Модерната архитектура подразбира прозорци со големи стаклени површини и јасни линии. На својот ВИРТУЕЛЕН САЕМ 2020, РЕХАУ покажува како прозорскиот профил ГЕНЕО, направен од висококвалитетниот материјал, зајакнат со стаклени влакна, РАУ-ФИПРО ИКС, се користи за конструкција на високи прозорски елементи, кои се: функционални, сигурни и визуелно убедливи.

Онаму каде што архитектурата бара многу природна светлина без дополнителни светла, потребни се специјални решенија за прозорци. Со понатамошниот развој на семејството на профили ГЕНЕО, РЕХАУ овозможува конструкција на нови димензии. Тенките и целосно армирани профили на крилата на прозорците, изработени од висококвалитетниот материјал, РАУ-ФИПРО ИКС, со 50% поголем удел на стаклени влакна, овозможуваат прозорец со висина до 2,80 метри. Лесно се реализираат и индивидуални форми. Дополнителните прозиводи, како што се интелигентната, целосно автоматска вентилација СМАРТ ИНОВЕНТ и заштитата од провала СМАРТ ГАРД, се компатибилни со ГЕНЕО. Така, РЕХАУ на своите производители на прозорци и архитектите, овозможува издвојување од другите.

Максимална стабилност со максимална енергетска ефикасност

Висококвалитетниот материјал РАУ-ФИПРО ИКС, создаден од РЕХАУ и изработен со комбинација на вештачки материјали и стаклени влакна, обезбедува до 50% поголема стабилност отколку ПВЦ прозорците заради рамномерна распределба на товарот низ целата рамка. Благодарение на исклучителната стабилност на профилите, прозорските крила со до 150 килограми тежина може да се поврзат со конструкцијата. Можна е изведба на необични форми и интеграција на дополнителна звучна изолација или безбедносно застаклување. Со тројно изолациско стакло, ГЕНЕО постигнува Uw вредности до 0,60 W / (m2K). Кај 90% од сите профили за прозорци, кои се направени од РАУ-ФИПРО ИКС, не треба метално армирање, а така се избегнува создавањето на неповолни термички мостови. Системите за прозорци, направени од РАУ-ФИПРО ИКС ги исполнуваат највисоките енергетски стандарди и се сертифицирани од Институтот за пасивни куќи во Дармштат.

  “Направи разлика, развивај го бизнисот”. Поглед во иновациите на РЕХАУ во 2020

Други профили од семејството ГЕНЕО

Покрај профилите на прозорци, семејството ГЕНЕО исто така вклучува профили за подигачко-лизгачки врати и влезни врати. Влезните врати од ГЕНЕО профилите, постигнуваат Uf вредности до 0,75 W / m2K и може да се изведуваат до висина од 2,40 метри. Благодарение на држачот за стакло до 53 милиметри, можна е интеграција на исполна која го покрива крилото. За максимална сигурност, вратите имаат заштита со класа на отпор RC2. Прагот РАУЦЕРО, обебедува премин низ вратата без пречки, бидејчи истиот има висина од 0мм. Концептот за дихтување кај ГЕНЕО подигачко-лизгачките врати, обезбедува непречено затварање со мал притисок. Профилите можат да се користат за изведба на елементи со висина до 2,70 метри и да се постигнат вредности на звучна изолација до 43dB.

Индивидуален изглед

Профилите за прозорци и врати ГЕНЕО, направени од композитниот материјал РАУ-ФИПРО ИКС, зајакнат со стаклени влакна, имаат високосјајна ХДФ површина и се исклучително лесни за чистење. Со алуминиумскиот изглед на серијата КАЛЕИДО КАВЕР и сивото тело, изгледот на профилите може да се прилагодува индивидуално. Така, ГЕНЕО ги комбинира предностите и функционалностите на прозорски профили од полимери со изглед на алуминиумски прозорци.

Широкиот опсег на бои од програмата КАЛЕИДО КОЛОР нуди голем број можности за дизајн на прозорците. Програмата КАЛЕИДО ВУДЕК пак, на прозорците им овозможува да изгледаат и да се чувствуваат како да се направени од дрво. Благодарение на програмата на бои и површини КАЛЕИДО КОЛОР и програмата на лакирани бои и површини КАЛЕИДО ПАИНТ, како и програмата на декори КАЛЕИДО ФОИЛ, подигачко-лигачките врати, влезните врати и прозорците ГЕНЕО се достапни во над 220 варијанти.

  ЛИЗГАЧКИ СИСТЕМИ КОИ ГИ ИСПОЛНУВААТ НАЈПРЕЦИЗНИТЕ БАРАЊА

Повеќе информации за профилите ГЕНЕО од материјалот РАУ-ФИПРО ИКС ќе најдете на: Контакт РЕХАУ.

РЕХАУ групацијата е експерт за полимери кој прави годишен промет од повеќе од 3,5 милијарди Евра. Таа е независна и стабилна, фамилијарна компанија. РЕХАУ брои повеќе од 20.000 вработени кои активно работат на повеќе од 170 локации ширум целиот свет. Во Европа РЕХАУ брои околу 12.000 вработени, од кои само 8.000 во Германија. Во Македонија РЕХАУ брои 16 вработени од каде што се опслужуваат пазарите во Македонија, Косово и Албанија. Веќе 70 години РЕХАУ создава се полесни, поудобни, посигурни и поефикасни вештачки производи и ги испорачува низ целиот свет.

Прочитајте повеќе како РЕХАУ наоѓа начин како да ги претстави своите иновации во делот на прозорските решенија за 2020 година.

“Направи разлика, развивај го бизнисот”. Поглед во иновациите на РЕХАУ во 2020

Daikin Altherma топлотна пумпа

Зошто топлотните пумпи се технологија на иднината за ладење и греење