in , ,

Што да изберете стандарден клима уред VS. инвертер ?!?

Ако размислувате да купите нов, за вас одбравме и споредивме неколку видови на клима уреди кои можат да се најдат на нашиот пазар.

Доколку вашиот стар клима уред го отслужил своето, сервисирањето нема драстично да ја подобри неговата работа. Ако размислувате да купите нов, за вас одбравме и споредивме неколку видови на клима уреди кои можат да се најдат на нашиот пазар.

Најчестите клима уреди кои скоро секое домаќинство ги има се стандардните (сплит) клима уреди. Тие имаат компресор кој не го менува бројот на вртежи, па според зададената температура термостатот или исклучува или вклучува.

За разлика од сплит клима уредите кои константно трошат иста количина на енергија, инвертер клима уредите пак се со понапредна технологија која ја регулира работата на компресорот и со тоа ја намалува потрошувачката на електрична енерија. Минималната работна температува на сплит клима уредите е до -5 степени додека кај инветер уредите е -15 степени. Стандарните клима уреди се најзастапени во нашите домови пред сè поради ниската цена која се движи од 11/.990 денари па нагоре, додека пак инвертер клима уредите можат да достигнат и 2-3 пати поголема цена. На македонскиот пазар квалитетен инвертер клима уред од брендот Toshiba ќе ве чини 49.900 денари. Она што инвертерот го прави подобра инвестиција на долг рок е дека со него можете да заштедите 30% електрична енергија за разлика од стандардниот клима уред.

klimatizacija климатизација
Проверете ја комплетната понуда за климатизација од проверени продавачи. Кликнете на оваа слика..

За сите оние на кои финансиите не им претставуваат проблем и се спремни да инвестираат во малку поамбициозен метод за разладување, целосното решение за климатизација е вистинскиот избор.

Централно решение за климатизација во вашиот дом претставува најдобра можност за да навистина постигнете висока енергетска ефикасност. Поставувањето на централни системи за ладење, греење, вентилација и климатизација вклучуваат изработка на техничко решение во зависност од конкретни ваши барања и потреби на просторот, опрема, инженеринг и изведба. Со помош на системите за автоматско управување, работата на целосните решенија за климатизација е точно според вашите потреби. Обезбедете си и вие целосно решение за климатизација на вашиот дом со оптимален однос на цена/перформанси – директно контактирајте со компанијата тука.

  Како да направите добар избор на мебел за Вашиот дом
klimatizacija климатизација
Проверете ја комплетната понуда за климатизација од проверени продавачи. Кликнете на оваа слика..

Без разлика за кој од овие методи за разладување ќе се решите, важно е да ги запазите препораките за правилно користење:

  • Инсталацијата и одржувањето на клима уредот да биде изведена од страна на професионалец.
  • Постојано проветрување на просторијата каде што работи уредот.
  • Разликата меѓу надворешната и внатрешната температура да не биде поголема од 6 степени бидејќи поголеми разлики на температурата може да доведат до сериозни здравствени последици и непотребно трошење на електрична енергија.

7 Топ рецепти за месо на скара (видео)

Неверојатна приказна за Вардаровиот европски пехар (видео)